Хороскопски знаци кои ви се вистинска сродна душа (и вреди да ги имате за пријатели)
Вага (23 септември – 21 октомври)
Најдобри пријатели во Зодијакот: Бик и Водолија
Бик: Вагата и Бикот се управувани од Венера - планета на уметноста, музиката и естетиката. Овие двајца се најдобри пријатели поради нивниот заемен, неверојатен вкус! Иако Бикот е повеќе фокусиран на удобноста, а Вагите се занимаваат со тоа како изгледаат работите, на двајцата никогаш не им недостасува тема за да разговор.
Водолија: Можеби оваа пријателска врска навидум изгледа како површна, но всушност таа се одликува со длабоко, интелектуално разбирање. Вагата и Водолијата се исклучително популарни, па заедно можат да изградат социјална империја.
Скорпија (22 октомври – 21 ноември)
Најдобри приајтели според Зодијакот: Овен и Бик
Овен: Како што двата знака во зодијакот управуваат од Марс, и Скорпијата и Овенот се исклучително возбудливи знаци. Овенот секогаш ја турка Скорпијата да го достигне својот целосен потенцијал.
Бик: Скорпијата и Бикот се спротивни, но тие се и најлојалните знаци во Зодијакот. И двајцата се чувствителни и сензуални и ја ценат нивната посветеност без разлика на сѐ. Додека другите сметаат дека и двајцата се прилично тврдоглави, овие најдобри пријатели ја ценат меѓусебната конзистентност.
Стрелец (22 ноември – 21 декември)
Најдобри пријатели според Зодијакот: Риби и Овен
Риби: И Стрелецот и Рибите се управувани од Јупитер - планетата на проширување, оптимизам и радост. Така, како сродни души во пријателството овие двајца се шарм за среќа еден на друг. Рибите секогаш го поттикнуваат Стрелецот да тргне по својот сон, без разлика колку тоа првично изгледа присилено или невозможно.
Овен: Кога Стрелец управуван од Јупитер и Овен управуван од Марс ќе се здружат, работите се надополнуваат. Ова пријателство е бран на вистинска забава и лојалност која нема граници.
Јарец (22 декември – 19 јануари)
Најдобри пријатели според Зодијакот: Девица и Водолија
Девица: Јарецот и Девицата заедно преферираат да ја отфрлат својата одлика на „одговорна надворешност“ и да ѝ направат простор на забавата.
Водолија: Ова е пријателство кое старее како убаво вино. И Јарецот и Водолијата се управувани од Сатурн - планетата на напорната работа и долговечноста.
Водолија (20 јануари – 18 февруари)
Најдобри пријатели според Зодијакот: Близнаци и Лав
Близнаци: Како социјални воздушни знаци, Водолијата и Близнаците се љубители на луѓето, културата и информациите и се пријателски пар што секогаш присуствува на забавите, засмејувајќи ги сите во просторијата.
Лав: Водолијата и Лавот се спротивни знаци и двајцата се познати по тоа што се жестоко независни. Тие меѓусебно функционираат затоа што знаат како истовремено да се „градат“ едни со други, но и да си дадат простор за воздишка.
Риби (19 февруари – 21 март)
Најдобри пријатели според Зодијакот: Скорпија и Јарец
Скорпија: Иако на многу луѓе Скорпиите им се застрашувачки, Рибите знаат дека длабоко во себе, овој чувствителен воден „колега“ зрачи со мекост. И двајцата мразат празни разговори, па затоа оние нивните секогаш одат длабоко. Иако Рибите обично се грижат да не ги оптоваруваат другите луѓе со нивните проблеми, Скорпијата знае точно што да каже за да ја натера Рибата да се отвори.
Јарец: И покрај тоа што се во склад со емоциите на сите други, Рибите често се длабоко погрешно разбрани. Многу луѓе ги отпишуваат како „премногу чувствителни“, но приземните Јарци знаат дека Рибите се исклучително мудри. Јарцот можеби е единствениот знак што навистина знае како со Рибите, па затоа овие двајца се совршена комбинација на најдобри пријатели.
Мила М. | Црнобело / фото: depositphotos.com