Какво љубовно разочарување може да очекува секој хороскопски знак (и која лекција ќе ја научи)?

kakvo-ljubovno-razocharuvanje-mozhe-da-ochekuva-sekoj-horoskopski-znak-i-koja-lekcija-kje-ja-nauchi-02.jpg

Вага

Вагите се мошне сентиментални и романтични па може да се вљубат во личности што им велат дека ги сакаат иако никогаш, ништо нема да направат за да го покажат тоа.

Сентименталноста на Вагите особено доаѓа до израз и во мигот кога ќе кажат „доста е“ и ќе се обидат да свртат на нов лист.

На претставниците на овој знак може да им се случи да чувствуваат грижа на совест ако личноста им се јави и им каже дека ѝ недостасуваат заедничките мигови, па потоа ќе се обидат да ѝ дадат втора шанса.

Вагите на потежок начин ќе научат дека треба да им веруваат на делата, а не на празните зборови и дека луѓето не се секогаш целосно искрени со нив.

Скорпија

На Скорпиите често им се случува секое интензивно чувство да го помешаат со љубов и со искрени и длабоки емоции.

Затоа често може да завршат во токсични врски со љубоморни или посесивни партнери што сакаат постојано да ги контролираат.

Но, по некое време Скорпиите може да сфатат дека таа врска не ги исполнува и дека се чувствуваат заробено, а токму тогаш почнуваат проблемите и разочарувањето.

По ова Скорпиите учат дека негативните емоции не се љубов и да бегаат од луѓе што имаат мрачна страна во себеси.

Стрелец

Со нивниот слободен дух Стрелците привлекуваат личности што сакаат само добра забава, но не планираат тоа да трае вечно.

Водени од сопствената несигурност и потребата за авантура може да се вљубат во личност што воопшто и не помислува на тоа да се врзе.

Разочарувањето доаѓа откако ќе сфатат дека тие ѝ биле лојални и целосно посветени, а за возврат личноста ги третирала како минлива авантура.

Лекцијата што Стрелците ќе ја научат е дека навистина сакаат да бидат со личност што им нуди добра забава, но сакаат тоа да трае засекогаш.

Јарец

Јарците имаат силна интуиција и точно знаат кога некој ги лаже, се обидува да ги манипулира, злоупотребува или е бесчувствителен со нив...

Но, за жал, се случува, и покрај тоа што сите им велат дека таа личност не е за нив, Јарците да останат со неа, убедени дека со љубезност ќе ѝ помогнат и ќе успеат да ја променат (личноста) и да направат да ги сака.

Следниот пат кога некоја личност од самиот почеток нема да ги третира како што заслужуваат Јарците ќе си заминат без да се свртат наназад.

Водолија

На Водолиите им се допаѓаат бунтовни личности, што сериозно се посветени на тоа да изградат имиџ како уникатни и единствени лица.

Може да се случи да „заглават“ со личност која нема некој особен талент, но е самоуверена дека нејзината уметност е врвна и неповторлива, затоа што Водолиите паѓаат на таа самодоверба и ексцентричност.

Во таа врска Водолиите ќе вложат сè за да му помогнат на својот партнер и ќе му пружат максимална поддршка сè до оној ден кога ќе сфатат дека „уникатниот“ талент е маска за немањето реална цел и став кон животот, по што ќе следи разочарување.

По оваа врска Водолиите стануваат уште посвесни за сопствената интелигенција, уникатност и талент.

Риби

Длабоко емотивни и полни со сочувство, Рибите често може да завршат со боеми што имаат сериозни проблеми со алкохолот, и еден куп други лоши навики...

Рибите се познати по тоа што сакаат да им помогнат на луѓето околу нив, па така може да се случи да потрошат многу време обидувајќи се да ја спасат личноста која реално и не сака да биде спасена, туку сака животот да го помине во забава, пороци и излегувања.

По оваа врска ќе сфатите дека нема потреба да се жртвувате себеси за да им угодите на другите.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg