Што најмногу ве нервира во лето, според вашиот хороскопски знак?

shto-najmnogu-ve-nervira-vo-leto-spored-vashiot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Иако сте свесни дека во лето не се издржува без кратки фустанчиња, кратки панталони и излегување со што е можно помалку облека, вие не сте многу воодушевени од ова.

Воопшто не ви се допаѓа летната мода и сметате дека е вулгарна. Па, едвај чекате да залади барем малку за сите, вклучувајќи ве и вам, да изгледаат попристојно.

Скорпија

Дури и кога сте во најдобро расположение, вие не можете да ја сфатите веселоста што владее во летната сезона.

Покрај тоа, без некоја причина, вам многу повеќе ви се допаѓаат постудените месеци.

Стрелец

Вие едвај го чекате летото бидејќи оваа сезона секогаш е можност за некоја нова авантура. Но, проблемот е што секогаш ви фалат повеќе слободни денови од работа.

Вашата желба за авантура не се задоволува само со одмор од недела-две – вам ви се потребни три месеци одмор.

Јарец

Колку и да сте амбициозни, факт е дека високите температури сите ги прават летаргични, дури и вам. Покрај тоа, кога сите се забавуваат, навистина е тешко да бидете продуктивни.

А, како највредниот и најамбициозниот знак во зодијакот, за вас ова е сериозен проблем.

Водолија

Вие го сакате летото, но не ви се допаѓа што многу работи се повторуваат.

Сите објавуваат исти фотки, сите носат иста облека, сите зборуваат само за одмор и концерти, сите ги прават истите работи…

Уште пред да дојде август, вам ви е преку глава од коктели, кошули со летни мотиви и разговори за плажи.

Риби

Вие вистински уживате во секое лето и сакате да го искористите максимално.

Но без разлика колку добро си поминувате, секогаш сте убедени дека претходното било подобро.

И, ништо не може да ве убеди во спротивното.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg