Во една реченица: Зошто сте сингл „цела вечност“ според хороскопскиот знак?
Лавовите не сакаат ни да се обидат да ја освојат личноста што им се допаѓа бидејќи се плашат дека ќе бидат одбиени.
Ако сметате дека за вас е најдобро да бидете сингл, тогаш нема ништо лошо во тоа.
Но ако навистина сакате партнер со кого ќе созревате и ќе изградите живот, а никако не можете да го најдете, тогаш можеби правите некои грешки.
Погледнете зошто сте сингл „цела вечност“ според вашиот хороскопски знак:
Овен
Секогаш го очекувајте најлошото од другите и сте убедени дека ве мразат, дури и кога постојано ве третирале со почит и биле добри кон вас.
Бик
Вие не ни знаете каде би можеле да сретнете потенцијален партнер бидејќи не се чувствувате најпријатно во бар или на место каде што можете да запознаете нови личности.
Близнаци
Не знаете како да покажете дека сте заинтересирани или да почнете да флертувате без да делувате многу нападно.
Рак
Вие никогаш не почнувате разговор со личност што ви се допаѓа бидејќи не знаете што да кажете и од старт сте убедени дека ќе немате теми за дискутирање.
Лав
Дури и кога многу ви се допаѓа некоја личност, вие не го покажувате тоа бидејќи се плашите дека ќе бидете одбиени.
Девица
Вам ви е тешко да се поврзете со некого бидејќи веднаш барате недостатоци кај луѓето кои покажуваат интерес за вас.