Љубовен хороскоп за март 2022: Ваги – врска без обврски, Водолии – обвинувања заради афера со зафатена личност

Март e месецот во кој и календарски започнува пролетта, a ќе вдахне нов живот и во љубовните врски. Овој месец ќе донесе повеќе излегувања, патувања, а некои од хороскопските знаци што подолго време биле слободни најверојатно ќе влезат во сериозни љубовни врски.

ljuboven-horoskop-za-mart-2022-vagi-vrska-bez-obvrski-vodolii-obvinuvanja-zaradi-afera-so-zafatena-lichnost-01.jpg

За некои од знаците новите познанства ќе резултираат со брзи пријателства и романтични врски, а некои хороскопски знаци ќе одлучат повеќе да не ги кријат тајните врски и афери.

Во продолжение погледнете што можете да очекувате овој месец на полето на љубовта:

Овен

Ако сте во врска:

Овој месец ќе ви донесе позитивни промени во врската со партнерот – очекувајте уште повеќе да се зближите и да ги разбудите страстите. Повеќе ќе излегувате и повеќе време ќе поминувате се заедничките пријатели, а можно е да започнете и некои заеднички проекти. Кон средината на месецот можни се мали несогласувања во поглед на новините што сакате да ги воведете во врската, но очекувајте до крајот на месецот да ги решите недоразбирањата.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот можно е преку пријатели или преку некои активности да запознаете нова личност што ќе ве привлече со сопствениот магнетизам и силната енергија. Чувствата ќе ви бидат возвратени и ќе се чувствувате како конечно да сте запознале некого што може да ве следи во секој чекор и која има повеќе иницијативи од вас. Можеби ќе му замерувате затоа што поминува повеќе време со пријателите, но при крајот на месецот, најверојатно ќе започнете нова врска.

Бик

Ако сте во врска:

Месецот ќе го започнете во хармонична атмосфера и ќе имате чувство дека во целост се разбирате со партнерот за сите заеднички планови и цели. Чувствувате дека комуникацијата ви е подобрена и дека подобро се разбирате. Сепак во втората половина на месецот можни се одредени недоразбирања – за одредени работи за кои што претходно сте биле согласни сега ќе имате сосема спротивставени ставови и тоа ќе донесе поголема напнатост во врската.

Ако сте слободни:

Почетокот на месецот ви носи ново познанство со личност за која ќе чувствувате силна привлечност и во која е можно е да се вљубите на прв поглед. Ќе се чувствувате како да сте ја запознале вашата сродна душа. Пред вас се нови искуства на љубовен план и ќе бидете среќни. Сепак кон крајот на месецот можно е да увидите дека меѓу вас има големи разлики што ќе бидат пречка за да ја продолжите емотивната врска.

Близнаци

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот можно е да заминете на заедничко патување со партнерот каде ќе можете во целост да се посветите еден на друг. Ќе пронајдете некои нови заеднички интереси. Во втората половина од месецот ќе имате повеќе заеднички излегувања и ќе барате активности што ќе ви овозможат да поминувате повеќе време заедно и да бидете исполнети.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот ќе запознаете некоја личност што ќе ве исполни со сопствената ведрина, оптимизам и со добриот изглед. Кај вас веднаш ќе се јави заемна привлечност а доколку подолго време контактирате ќе сфатите дека имате слични погледи на живот и слични интереси. Ќе почнете да се гледате, да излегувате и да поминувате многу повеќе време заедно. На почетокот најверојатно само ќе се дружите, а кон крајот на месецот очекувајте да започнете нова врска.

Рак

Ако сте во врска:

Очекувајте поголемата страст на почетокот на месецот да ве ослободи од чувството на монотонија во кое сте западнати. Врската со партнерот станува постабилна, а ќе започнете и некои нови заеднички проекти. Во втората половина на месецот можно е да заминете на некое заедничко патување. Можно е да имате некои помали несогласувања во однос на излегувањата со пријателите, но овој месец нема да имате поголеми грижи.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот можно е ново познанство со некоја личност што е мошне комуникативна, образувана и полна со иницијатива. Можно е меѓу вас да име привлечност и да се впуштите во романса што ќе резултира со заеднички чувства. И двајцата ќе сакате да влезете во врска, но можно е да поминете некој период на двоумење пред да ја донесете конечната одлука.

Лав

Ако сте во врска:

Овој месец со партнерот целосно ќе бидете сконцентрирани на тоа како да го зголемите заедничкиот буџет, а и двајцата ќе имате интересни идеи за тоа. Со заеднички сили ќе успеете да ги остварите замислените цели и ќе се гордеете со тоа. Во втората половина од месецот можни се несогласувања околу некоја заедничка цел, но проблемите ќе ги решите за време на некое кратко патување, каде ќе можете да се опуштите и да ги решите сите недоразбирања.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот можно е познанство со некоја личност што е мошне друштвена и што постојано ги следи сите трендови. Можно е да почнете да се гледате и заедно да излегувате, по што ќе се јават заеднички емоции, но нема да бидете сигурни дали сакате да влезете во врска или да останете сингл. Сепак на крајот на месецот најверојатно ќе влезете во посериозна љубовна врска.

Девица

Ако сте во врска:

Знаете дека партнерот ви е најголема поддршка и добро ќе се сложувате на почетокот на месецот. Ќе ви годи тоа што ви посветува повеќе внимание и знаете дека неговите чувства се длабоки и искрени. Во втората половина од месецот ќе успеете да исполните некоја голема желба на саканата личност, а можни се повеќе разговори за заедничките цели за кои лесно ќе се договорите.

Ако сте слободни:

Пред вас е познанство со некоја нова личност што ќе ве освои со својот оптимизам и добродушноста, а ќе ви посвети повеќе внимание и ќе ви покаже нови видици. Најверојатно ќе се вљубите веднаш и ќе почнете веднаш да се гледате со својата нова симпатија. Во втората половина можно е да откриете дека не сте толку многу слични како што мислевте на почетокот, но тоа нема да ве спречи да се обидете да започнете врска.

Уште шест знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg