Една тајна на секој хороскопски знак, која не ја признава ниту пред најдобриот пријател
Вага
Вагата постојано се стреми кон рамнотежа. Кога сè е во совршена рамнотежа, нивниот живот има смисла. Сепак, не е лесно да се погоди нивниот поим за рамнотежа, па често влегуваат во несогласувања со партнерот. Нивната најголема желба е да најдат некој со кој ќе ги споделат своите интереси.
Скорпија
Одлучните и упорни Скорпии се подготвени не сè за да стигнат до врвот. Сакаат да се докажуваат и нивната голема желба е да покажат дека успеале во она што другите не го постигнале.
Стрелец
„Вечните деца“ на зодијакот мислат дека ќе го променат светот. Тие веруваат во тоа дури и кога сè изгледа безнадежно и невозможно. Иако се полни со ентузијазам, своите големи желби нема да ги споделат со оние кои не ги поддржуваат.
Јарец
Јарците се „хранат“ од туѓиот восхит и пофалби. Кога легнуваат навечер, сонуваат за моментот кога јавно ќе бидат наградени. Тоа е нивниот мотив да работат и да се борат, за да некој им оддаде почит и признание.
Водолија
Водолијата има силна желба да не биде како другите луѓе. Сакаат да се истакнат за да бидат различни, да не бидат како сите други во толпата, туку оригинални и посебни.
Риби
Интуитивните и уметнички настроени Риби само сакаат да ги претворат своите „наивни“ идеи во реалност. Ќе работат посветено и трудољубиво, и покрај тоа што многумина ќе им се смеат зад грб за нивните соништа од ветер и магла.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





