Фобии кои најмногу го мачат секој хороскопски знак (и зошто)
Не постои хороскопски знак кој е целосно бестрашен и не се плаши од ништо.
Еве што велат ѕвездите кога се во прашање нашите стравови, според хороскопскиот знак:
Овен
Најактивниот од сите знаци во Зодијакот е склони кон страв од седење. Не е дека не може да седи во место и да одмара, туку доколку тоа потрае, Овенот ќе станат страшно нервозен.
Друга честа фобија на Овенот е клаустофобијата, како и стравот од беспомошност. Тој не сака да зависи од другите или да го сожалуваат.
Бик
За Бикот често се вели дека е најлетаргичен од сите знаци. Сака удобност и луксуз до тој степен што може да се претвори во мрзеливост.
Кинетофобија или стравот од движење, па дури и трофобијата или стравот од промени е најлошата форма на фобија кај него и воедно се плаши да не ги загуби сите пари во животот.
Близнаци
Хиперактивните и љубопитни припадници на овој знак често пати знаат да се преценат себеси и поради тоа да се најдат во тешки ситуации.
Кога се соочуваат со подеднакво тешки избори, опции, ветувања или одлуки, Близнаците лесно се губат и забораваат што воопшто сакале.
Како резултат на тоа, може да се појави страв од донесување одлуки, а често имаат и трипанофобија – страв од прободување и инјекции.
Рак
Припадниците на овој знак се на самиот врв по бројот на фобии кои ги имаат, како резултат на нивната чувствителна природа.
Агорофобија – стравот од отворени простори со многу луѓе во нив им буди несигурност, пантофобија или страв од сериозна болест, како и паничен страв од осаменост се дел од фобиите кои можат да ги погодат Раковите.
Лав
Една од најчестите фобии кај овој знак е ентомофобијата, односно ирационалниот страв од инсекти.
Исто така, со оглед на тоа што припадниците на овој знак сакаат да се истакнуваат и да градат успешна кариера, може да имаат и ацифобија – страв од неуспех кој е почест кај жените отколку кај мажите.
Девица
Практичните, уредни и организирани Девици го сакаат редот до таа мера што лесно можат да развијат атаксофобија – ирационален страв од неред и несовршеност.
Тие можат да наидат и на мизофобија, која ги тера опсесивно да ги мијат рацете поради страв од нечистотија и често не сакаат да пијат од чашите во кафулињата или да ги допираат рачките во јавниот превоз. Ниту хипохондријата не им е непознат поим.