Родителски хороскоп: Една грешка во воспитувањето на децата што ја прави секој знак
Вага
Вагите се обидуваат постојано да воспостават баланс во сите аспекти на животот на нивното дете: колку часа е пред монитор, каква храна јаде, колку време спие…
Потребно е малку да ја ограничите оваа сопствена потреба особено во периодот кога децата се сè уште мали и да сфатите дека не можете да ги „предвидите“ сите аспекти од животот на детето.
Скорпија
Скорпиите по природа се посесивни, а такви се и кон сопствените деца.
Обидете се малку да намалите на оваа своја карактеристика и дајте им простор на децата да „дишат“, инаку, во спротивно, мошне лесно можете да развиете негативен однос со детето.
Стрелец
Спонтани и авантуристи, Стрелците како родители се единствени по тоа што знаат како да го научат сопственото дете да биде амбициозно, но и безгрижно.
Секогаш знаете како на забавен начин да го научите вашето дете дека е убаво да стигне до целта, но исто така и да ужива во патувањето.
Јарец
Јарците се мошне пресметани, и познати се по тоа што внимателно ги пресметуваат сите свои чекори и внимаваат на туѓите намери.
Сепак кога станува збор за децата потребно е малку да се опуштите – немаат сите скриени „нечесни“ намери на коишто треба да внимавате.
Водолија
Познати сте како најголеми ексцентрици во Зодијакот. Вие сте мошне либерални родители и им дозволувате на децата да прават што сакаат.
Запомнете дека со децата понекогаш е потребно да бидете строги за да ги научите како да се справуваат со сите предизвици во животот.
Риби
Рибите ќе направат сè за нивните деца да се чувствуваат удобно. Подготвени се и цел ден да го поминат во чистење и раскревање по децата, а притоа да не побараат никаква помош од нив.
Потребно е да ги научите вашите деца дека треба сами да раскреваат зад себе и да сфатат дека за удобноста мора да се потрудат.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





