Што треба да оставите зад себе во старата 2021 за поубава нова година, според астрологијата?
Вага
Оваа година успеавте да излезете од вашата комфорна зона и да ја пренасочите енергијата кон нови искуства. Можеби имавте многу можности за патувања и авантури.
Но, некако успеавте да ја блокираа романтиката. Што сфатите дека ништо не е вредно без љубовта, толку побрзо ќе се вратите кон изворот на радоста, бидејќи не можете без неа.
Скорпија
Ова беше исклучително тешка година за вас, исполнета со солзи и предизвици. Можеби пројавивте нови чувства за неочекувани личности во животот кои ве изместија од оската.
Во Новата 2022 време е да ги оставите фантазиите зад себе и смело да зачекорите кон реалноста. Ништо добро нема да произлезе од вашето бесцелно фантазирање и губење време.
Стрелец
Не патувавте онолку колку што сакавте и измината година ве фрли во еден вид на депресија. Направете сè што е можно да ја оставите зад себе.
Во новата 2022 отворете го срцето, но и светогледот кон нови луѓе, искуства и идеи. Ваквата промена ќе ви донесе среќа и нова енергија.
Јарец
Големите финансиски загуби поради пандемијата ви донесоа многу грижи. Вие и онака премногу се грижите за парите, но во 2021 ја прелеавте чашата.
Затоа, во новата година, заборавете малку на буџетот, штедењето, грижите за пари и опуштете се. Животот е премногу краток за постојано да ви биде вклучен дигитронот во главата.
Водолија
Чувствувате дека напредувавте многу од почетокот на 2021 до крајот на годината. Иако темпото на енергија ви е високо, вие се чувствувате уморно и раздразнето.
Одвојте време за себе и одморете се. Не е добро да влезете во новата година со т.н. „синдром на прегорување“ поради премногу работа.
Риби
Немавте доволно сила и храброст да донесете одлуки за големи промени во 2021. Заглавите на старото работно место без покачување на платата кое одамна го заслужувате.
Оставете го стравот зад себе, време е да преземете иницијатива за да го добиете сето она што несомнено ви следува.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





