Една работа која најмногу го ужаснува секој од хороскопските знаци
Вага – Кога некој е досаден
Вагите се исклучително социјални личности. Често се опкружени со голема група пријатели со кои редовно се дружат. Припадниците на овој знак сакаат да бидат во друштво на луѓе отворени како што се и тие и „гладни“ за живот.
Тие мразат асоцијални и некомуникативни типови на луѓе кои попрво би биле сами отколку опкружени со друштво. На Вагите им е толку досадно што се ужаснуваат при секоја помисла да имаат врска со некоја таква личност.
Скорпија – Склоност кон лажење
Скорпиите имаат мистериозен карактер, но кога станува збор за романтичниот живот копнеат по искреност и отвореност. Припадниците на овој знак едноставно мразат неискреност и двосмисленост кај партнерот.
Во љубовта не се согласуваат на компромиси кога е во прашање искреноста, и многу се нервираат кога некој постојано измислува лаги и се извинува поради тоа. Патот до нивното срце е искреноста.
Стрелец – Недостаток на амбиција
Стрелците се многу амбициозни луѓе кои се трудат да бидат најдобри, да седат на врвот и да уживаат во плодовите на својот труд. Не им пречи да работат дури и по 12 часа дневно доколку знаат дека тоа ги води кон успешна кариера.
Многу им пречат неамбициозни луѓе, особено кога станува збор за партнерот. На стрелците им треба некој подеднакво амбициозен како нив, кој нема да има ништо против да ја донесе работата дома.
Јарец – Губење на пари
Припадниците на овој знак се прагматични и разумни луѓе, внимателни во сè што прават, особено кога се во прашање финансиите. Не се скржави и некогаш со задоволство ќе си дозволат нешто поскапо, но не се ниту расипнички настроени.
Јарците воопшто не ги привлекуваат поединци кои не ги ценат парите, туку се расфрлаат со нив. Се гледаат себеси во врска со некој кој ќе размислува за иднината и ќе штеди за поважните работи во животот.
Водолија – Кога некој не сака животни
Водолиите се многу грижливи и приврзани личности кои сакаат да седат на каучот, да го гушкаат својот миленик и да гледаат добар филм. Слободно може да се каже дека тие се најголемите љубители на животни во целиот Зодијак.
Ако сфатат дека излегуваат со некој кој не сака животни, тие можат веднаш да ја прекинат таа врска. Тие се држат до изреката – луѓето кои не сакаат животни не можат да ги сакаат ни луѓето.
Риби – Површност
Припадниците на овој знак се лица кои избегнуваат секаква површност, како во меѓучовечките односи, така и во она што го работат. Рибите нема да ја фотошопираат својата фотографија пред да ја објават на социјалните мрежи само за да остават некому подобар впечаток.
Не можат да се замислат во врска со некој кому физичкиот изглед и ситните површни разговори му се најважните работи во животот – повеќе би сакале да бидат сами отколку со некој површен и плиток.
(О)Милена | Црнобело