Една карактеристика поради која ви е тешко да стекнете пријатели, според хороскопот
Вага – Неодлучни сте
Лесно се спријателувате, но тешко ви е да донесете одлука. Доколку вашите пријатели не покажат волја да бидат во водство и да ги носат одлуките, тогаш лесно им здодева тоа што треба постојано да ве водат за рака. Како и да е, вистинските пријатели знаат дека вие само се обидувате да ги направите сите среќни, па не ви замеруваат за неодлучноста.
Скорпија – Луѓето се чувствуваат уплашено
Луѓето не знаат како да ви пријдат. Луѓето дури и се плашат да ви пријдат – поради тоа што сте резервирани и мистериозни. Вие обично не го почнувате разговорот со неважни теми и речиси секогаш се обидувате да дискутирате за важни и длабоки теми. Често на луѓето им е тешко да ве следат во тој поглед и имаат чувство дека премногу брзо навлегувате во длабоки теми.
Стрелец – Независни сте
Лесно им е на луѓето да ви пријдат, но тешко е да останат со вас. Имате силна потреба за независност, поради што другите луѓе остануваат збунети. За вас можеби не е чудно тоа што знаете понекогаш во целост да исчезнете, па да се појавите ненадејно, но тоа не им се допаѓа на луѓето што сакаат да ви бидат блиски пријатели. Вие сте од оние луѓе што имаат многу познаници, а малку пријатели.
Јарец – Не сакате да си имате работа со луѓе
Познато е дека не се вклучувате премногу во разговори, освен ако не разговарате за нешто што навистина ве интересира или ви е важно. Обожавате црн хумор, често сте песимисти и тоа не им се допаѓа на оние со коишто се запознавате, затоа што луѓето иако тврдат поинаку, најчесто не се премногу восхитени да бидат во пријателски односи со некој што постојано е „искрен и реален“.
Водолија – Не сте постојани со комуникацијата
Имате тенденција постојано да ги држите луѓето на емотивна дистанца и да не се зближувате премногу брзо. Не сакате никој да ве ограничува, туку имате потреба да ја имате во целост слободата да правите што сакате. Оние што сакаат да ви бидат пријатели треба да имаат предвид дека може да ви се случи да ве нема да се јавите со месеци, а потоа ненадејно да се појавите пак во нивните животи.
Риби – Луѓето ги плаши вашата љубезност
Вие сте искрени личности и голем број луѓе имаат чувство дека може да разговараат со вас и да ви се отворат во целост. Сепак тоа што премногу сте пријателски настроени, некогаш може да направи новите луѓе што ги запознавате да бидат премногу внимателни и да се плашат дека имате некои скриени намерни, иако вие сте во целост искрени и љубезни.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com/ freepik.com
Би можело да ве интересира:





