Хипохондрици, посесивни: Мрачната страна на секој хороскопски знак
Вага
Вагите најдобро се согласуваат со доминантните знаци на Зодијакот. Тие се премногу неодлучни. Може да се каже дека на некој начин се заљубени во себе и знаат да ги преценат своите способности. Склони се да веруваат дека добриот изглед може да ги реши сите проблеми, склони се на манипулации и не се справуваат со сопствените емоции.
Скорпија
Скорпиите знаат да создадат пријатна атмосфера и се многу привлечни, но, од друга страна, знаат да бидат многу сурови и ладни кон другите. Понекогаш се чини дека уживаат во туѓото страдање. Склони се кон љубомора, изливи на гнев, нарцизам, силни амбиции… Секогаш и секаде сакаат да бидат главни.
Стрелец
На Стрелците често пати им недостигаат тактики и дипломатија и ја ценат искреноста, каква и да е таа. Исто така, имаат тенденција да ги преценуваат своите способности и често мислат дека секогаш се во право, иако немаат основа за тоа. Тие се и многу импулсивни.
Јарец
Секогаш ја гледаат чашата како полупразна и умеат да го „исцицаат“ сиот оптимизам кога ќе се појават во собата. Јарците се најмалку склони кон спонтаност од сите хороскопски знаци и затоа животот со нив може да биде многу заморен. Исто така, тие не се премногу емпатични, туку преокупирани со самите себе.
Водолија
Водолијата може да биде непредвидлива, неконзистентна, непопустлива и тврдоглава. Исто така, тие се склони кон одложувања до таа мера што луѓето им велат дека ќе задоцнат и на сопствениот погреб. Но, на Водолијата не ѝ е многу важно што мислат другите за неа. Тие се склони и на манипулации кога навистина нешто сакаат.
Риби
Рибите живеат во облаци до тој степен што знаат поголемиот дел од животот да избегаат од реалноста. Дополнително, тие имаат тенденција да претеруваат или да „направат слон од мува“ и да им помагаат на другите поради некоја себична причина, а не од добрина. Припадниците на овој знак често пати се немирни, премногу чувствителни и склони кон песимизам.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





