На кои хороскопски знаци есента 2021 ќе им донесе големи промени?
Иако есента на многумина не им е најомиленото годишно време, од астролошко гледиште, за дел од хороскопските знаци ќе биде прилично среќно.
Што се однесува до овие 3 знаци, есента ќе биде во знакот на промените.
1. Вага
Вагата, на која ѝ е неопходна хармонија како би функционирала среќно, конечно ќе ги добие посакуваните часови и моменти во пар со партнерот.
Но, оваа есен нешто ќе се промени и Вагата ќе почне многу повеќе да размислува за сопствените потреби, желби и својата слобода.
Тоа би можело да доведе до бројни кавги, па и прекин на врската. Меѓутоа, новата Вага која ја сака и цени слободата, брзо ќе најде нов партнер кој ќе ѝ одговара.
2. Близнаци
Близнаците ја сакаат својата слобода, па затоа ќе биде изненадувачки што оваа есен директно и јавно ќе изразуваат љубов.
Одеднаш оддалечените Близнаци ќе дојдат во рамнотежа со своите емоции. Ќе покажат отворено и смирено однесување.
Есента е вистинско време кога Близнаците ќе имаат време малку да се смират од авантурите и да ги наполнат батериите за зимата која следи.
3. Стрелец
На есен Стрелецот конечно ќе може да ги фрли спомените во море. Конечно ќе заврши со минатото, кое е клучот за да го пронајде патот до себе.
Стрелецот ќе ужива во својата слобода, без преголеми промени на ова поле, па независноста ќе му донесе многу новости до крајот на сезоната.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





