Стрелецот е склон кон дебелеење, Јарецот има слаби коски – која храна треба да ја консумира секој од знаците за подобро здравје?
Здравјето е директно поврзано со храната којашто ја консумираме. Она што ќе избереме да го ставиме во устата и стомакот може многу да влијае на нашето здравје. Некои намирници се многу корисни, други пак може да ни направат проблем.
Изборот на храна денес е огромен и понекогаш е тешко да се избере што да се јаде. Астрологијата открива што треба да јадете, а што да избегнувате според хороскопскиот знак:
Овен
Овните се одликуваат генерално со добро здравје и силен имунитет. Сепак, најмногу страдаат од проблеми поврзани со акни. Доколку сте родени во знакот на Овен и сакате да пиете алкохол и да јадете зачинета и солена храна, треба да намалите со ова.
Најздрав избор за Овните се маслинки, краставици, спанаќ, грав и банани. Овој тип на храна ќе ви помогне да останете енергични и здрави.
Бик
Биковите имаат силно тело и голем апетит и се помалку чувствителни на болка. Тие се познати по тоа што имаат проблеми со тироидната жлезда и често пати имаат запек. Личностите родени во овој знак треба да бидат внимателни со тешката храна и да го намалат внесувањето на брза храна.
Брусница, блитва, карфиол и рен се намирниците што треба да се најдат на нивното мени. Тие го промовираат здравјето на тироидната жлезда и исто така помагаат во борбата против запекот.
Близнаци
Близнаците се психички послаби, премногу вознемирени и анксиозни. Тие треба да внимаваат на проблемите со нервниот систем и здравјето на белите дробови. За доброто на здравјето треба да консумираат грав, праски, сливи, спанаќ, риба, школки и ориз.
Овошјето како портокали, грејпфрут, суво грозје, јаболка и бадеми ќе бидат добра замена за кафето, а белите дробови повеќе ќе го ценат тоа. Диетата која ги вклучува овие намирници, заедно со квалитетниот одмор, се добар метод за намалување на анксиозноста.
Рак
Ракот е знак што се одликува со слаб имунитет кај младите луѓе, што постепено се зајакнува во зрелоста. Тие главно имаат проблеми со дигестивниот систем, најчесто поради прекумерно внесување на масна храна, сол и рафиниран шеќер.
За Раковите, најдобриот совет е да се насочат кон јадење овошје, зеленчук подготвен на пареа, домати, цвекло, вегански јогурт и природен шеќер.
Лав
Лавовите се одликуваат со одлично здравје и не се разболуваат често. Дури и кога се болни, закрепнувањето е брзо. Тие можат да уживаат во речиси секоја храна, сè додека не претеруваат.
Сметаат дека тешко се вари зачинетата храна и млечните производи, па затоа овие продукти ги внесуваат минимално. Треба да внесат повеќе протеини во исхраната, така што интегралните житарки, оризот, агрумите, јаболката, праските, коренестиот зеленчук, смоквите и оревите се најдобриот избор за нив.
Девица
Личностите родени во овој хороскопски знак може да страдаат од проблеми поврзани со цревата и нервниот систем. Девиците треба да консумираат умерено чоколада и „тешката“ храна, а најважно е да внесуваат храна богата со растителни влакна и омега-3 масни киселини.
Затоа се советува да консумираат авокадо, јајца, риба и свежа морска храна, како и овес, овошни салати, овошни сокови, банани, супи, чаеви и бадеми. Девиците се долговечни и имаат супер здравствена состојба сè додека се грижат за своето тело.