Девиците се во паника, Бикот ќе се „комира“ од храна и вино – Хороскопските знаци во празничната сезона

Во пресрет на празничната магија, очигледно секој од знаците се справува на свој начин со последниот месец од годината.

Kako-sekoj-od-znacite-se-pogotvuva-za-novogodisnite-praznici-01.jpgфото: Pixabay

Додека едни не може да престанат со украсување и потпевнување на божиќни песни, други само сакаат да се покријат со ќебето преку глава и да го преспијат овој светкав кошмар.

Дознајте во која категорија припаѓате според хороскопскиот знак:

Овен

За вас главниот приоритет е да си поминете убаво, а празниците не се никаков исклучок. Агендата ви е преполна со забави.

Забавите се забранети за време на пандемија? Нема проблем. Вие може да се забавувате и на Zoom со пијалак во раката.

За вас Новата година е можност за пронаоѓање на себеси и отпочнување чист, празен лист кој имате намера да го испишете со нови, возбудливи авантури.

Бик

За вас, празниците значат само едно: одмор. Сакате само да лежите, да јадете од вашите омилени јадења и слатки, да пиете омилени пијалаци додека не паднете „во кома“.

Сакате да ви биде удобно во омилените, меки пижами и очекувате да падне снег. Мрзеливи сте, без никаква грижа на совест.

Близнаци

Пред пандемијата, вашето идеално празнично сценарио беше да отпатувате некаде. Вие не сте од оние кои сакаат да ги поминуваат празниците дома со семејството.

Сите нивни прашања поврзани со вашата иднина ве излудуваат. Сепак, ќе успеете да заминете макар на кратко викенд бегство низ земјава.

Рак

Вие сте подготвени за празниците уште од јули, нели? Бидете искрени и признајте. Веќе знаете што ќе им купите на сите сакани (доколку веќе не сте го сториле тоа), имате подготвено рецепти за вкусни, празнични специјалитети.

Не сте тип кој чека да ги прави работите во „5 за 12“, стресот во овој период ви е сведен на минимум и едноставно уживате.

Лав

Многу новогодишни и божиќни филмови на менито, добра храна, многу топло чоколадо и караоке. Тоа е вашето идеално, празнично сценарио и не отстапувате од идејата.

За вас не е битен квантитетот, туку квалитетот, а ова важи како за храна, вино и украси, така и за друштвото.

Девица

Вие веќе сте во паника како ќе ги поминете празниците. Имате огромен список кој сакате да го реализирате, но тековната ситуацијата со пандемијата секако не ви помага во тоа.

Најдобро е да ја намалите брзината и да пробате да се опуштите. Тешко дека ќе дозволите некој друг да го преземе водството околу прославувањето, но годинава може да се изненадите и самите себеси.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg