Диетата и хороскопските знаци
Вага
Иако се многу активни, Вагите не би смееле својот организам да го опетеретуваат со прејадување и препивање. Тие мора да пијат поголеми количини вода, да избегнуваат алкохол и било какви благи пијалоци и да јадат храна богата со протеини. Астролозите им препорачуваат повеќе риба, морски плодови, јогурт и фрментирани млечни призводи, интегрален ориз, пченка, домати, спанаќ, грозје, јаготки и бадеми. На машките Ваги им се препорачува од менито да ги исфрлат бисквитите и колачите, односно да јадат храна богата со растителни влакна.
Скорпија
Најголемиот проблем со Скорпијата е тоа што поради стравствена фокусираност на нешто (работа, љубов, креативно создавање...) често пати заборава да јаде, па тоа го надоместува со големи и бргу изедени оброци. Исто така Скорпиите знаат да бидат фанатични и алчни. Идеална храна за нив се интегралниот ориз, зелената салата, целерот, краставичките, цречите, поморанџите и лимоните. Тие сакаат зачинети јадења, но бидејќи (особено жените) имаат осетливи слузници, мора да избегнуваат претерување со лути зачини.
Стрелец
Стрелецот е огнен знак кој често пати претерува со исхраната. Не е класичен гурман како Бикот или Ракот па често одбира нездрави фаст фуд оброци. Стрелците се мрзливи за готвење па јадат од нога и на брзина. Идеална храна за овој знак е: овошје богато со витамин Ц, домати и многу лук и кромид.
Јарец
Јарците најчесто немаат големи проблеми со вишокот на тежина, иако сакаат да јадат. Нивниот метаболизам е брз и правилен. Ако им се случи да се задебелеат, многу бргу се враќаат во оптимална форма. Нивна препорачана диета е онаа што вклучува зеленчук, зеленчукови супи, салати, умерени количини месо (кокошкино и дивеч). На Јарците им се препорачува да јадат чоколадо затоа што го поправа нивното сериозно и често „тмурно“ расположение.
Водолија
Водолијата е весел и активен знак кој што не е опседнат со храната. Ако сакаат да држат диета, Водолиите мораат да внимаваат да не јадат многу мрсно месо и колачи. Нивната идеална диета влкучува овошје, особено јаболки и цитрони, сушено овошје и ореви, бадеми и лешници. Машките Водолии треба да престанат да смислуваат ексцентрични комбинации на јадења и во својот живот да ја вратат навиката да консумираат едноставна и добро сварена храна.
Риби
Исто како и Раковите и Биковите, и тие сакаат многу да јадат, но потоа имаат проблеми поради својот осетлив организам. Многу Риби имаат проблеми со желудникот и верењето. Емоционалните стресови кај нив често се манифестираат како чир на желудник или зголемено лачење на желудочна киселина. За да издржат во здравата исхрана им треба подршка од семејството и пријателите. И жените и мажите Риби треба да јадат храна богата со железо и цинк, како јајца, џигер, житарици, грав, спанаќ, остриги, грозје, суви сливи, кајсии и праски.