Девиците чистат, Овните со пијалак – како се смируваат хороскопските знаци кога се под многу стрес?

Вага

Вие сте сфатиле дека танцувањето е најдобриот лек за вас. Штом ќе се соочите со сериозен проблем кој не ви дава да се опуштите, вие пуштате музика и почнувате да танцувате. Истовремено, пеете на цел глас и за неполн час се чувствувате многу подобро.

Скорпија

Вие сте разумна личност, па пред да почнете да се нервирате за нешто, добро размислувате за тоа. Ако, на пример, некој ве повредил, наместо да бидете гневни, вие барате причина за тоа однесување. Се обидувате да ги погледнете нештата од различна перспектива, а ова речиси секогаш ви помага да се ослободите од стресот и негативните чувства, но процесот малку трае.

Стрелец

Обично внимавате на исхраната, но штом сте под многу стрес, вашата утеха е храната. Во овие моменти си дозволувате калорична храна која обично ја избегнувате, а неретко се ослободувате од стресот и со шопинг.

devicite-chistat-bliznacite-spijat-kako-se-smiruvaat-horoskopskite-znaci-koga-se-pod-mnogu-stres-04.jpg

Јарец

Кога сте соочени со проблем, вие не правите ништо, туку само се повлекувате и почнувате да се „губите“ во вашите мисли. Не кажувате никому што ви се случува и можете со часови да размислувате за проблемот. Дури откако ќе најдете решение успевате да се релаксирате.

Водолија

Кога сте под многу стрес, најдобриот „лек“ за вас е споделувањето на вашите проблеми. И тоа, не само на најблиските – неретко го споделувате проблемот и на социјалните мрежи. Поради некоја причина, откако отворено ќе кажете што ве мачи, веднаш се чувствувате многу подобро.

Риби

Медитацијата е вашата омилена техника за релаксирање. Штом ќе сфатите дека сте напнати, веднаш почнувате да медитирате или одите на прошетка во природа. Знаете дека гневот и нервозата нема да ви помогнат да најдете решение, па секогаш барате начин да се ослободите од лошите мисли.

devicite-chistat-bliznacite-spijat-kako-se-smiruvaat-horoskopskite-znaci-koga-se-pod-mnogu-stres-05.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопски знаци на кои им треба време и многу лоши искуства за да сфатат каков партнер им треба Риби - Сакате да ја почувствувате искрата на љубовта, па иако ве боли да ги отфр...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg