3 хороскопски знаци кои се борат за врските повеќе отколку што би требало
Понекогаш на врските им доаѓа крај и има време кога е потребно да кренете раце. Но, дел од хороскопските знаци предолго се обидуваат да ја „поправат“ љубовта.
Раскинувањата се посебно тешки за 3 знаци во Зодијакот, кои одбиваат да се откажат, дури и кога тоа е неопходно:
Рак
Ракот е најчувствителниот знак во Зодијакот и настојува да им угодува на луѓето околу себе, посебно на саканите. На него му е посебно важна среќата на саканата личност. Но, за жал, многу често се наоѓаат во погрешни врски, а уште поголем проблем имаат при излегувањето од нив.
Проблемот е во тоа што Раковите пребрзо и прелесно се врзуваат, па потоа им е тешко да си го замислат животот без таа личност. Исто така, чувствуваат дека ја изневеруваат другата страна ако се откажат.
Лав
Лавот е тврдоглав и ретко признава дека погрешил. Не му се допаѓа идејата да се откаже од луѓето во кои вложил многу труд, време и љубов. Не сака да биде карактеризиран како губитник, бидејќи се смета за борбен, па не се предава така лесно.
Лавот, и покрај сите совети од околината, секогаш одбира да остане во врската која е осудена на пропаст уште малку подолго. Спремен е да се жртвува, бидејќи тешко се помирува со фактот дека љубовта која ја одбрал имала рок на траење.
Вага
Вагата секогаш го гледа најдоброто во луѓето, има срце полно со простување и разбирање. Подготвена е да даде втора, трета, па и четврта шанса, само за работите да успеат. Претерано многу се надева.
Меѓутоа, она што Вагите не го сфаќаат е дека со нивната жртва работите не функционираат подобро. Си ги препишуваат туѓите грешки на своја сметка и тоа ги доведува до заблуда дека не се доволно добри.
М. Д. | Црнобело