Најважната лекција која секој хороскопски знак треба да ја примени до крајот на јули
Вага – Не гледајте кон минатото
Не правете ја оваа грешка и не ѝ се препуштајте на меланхолија. Запомнете дека минатото нема да ви каже ништо ново, затоа оставете го точно таму каде што припаѓа. Свртете го погледот кон нови луѓе, нови искуства, нови планови. Ќе ви донесат среќа.
Скорпија – Преземете ризик
За да го промените животот, мора да ризикувате. Промената секогаш води на подобро. Вие барем не се плашите како другите за да ризикувате, макар изгубиле сè. Сепак, тоа нема да се случи, бидејќи ѕвездите ви се наклонети. Бидете храбри и самоуверени.
Стрелец – Не контролирајте ги другите луѓе
Понекогаш посакуваме луѓето околу нас да се однесуваат онака како што ние сакаме. Но, вистината е дека не можеме да ги промениме другите. Почитувајте ја уникатноста и независноста на секоја личност. Кренете ги рацете од обидите за контрола и онака не ви доликува на карактерот.
Јарец – Обрнете внимание на малите работи
Сите сме во очекување на големи победи и достигнувања, заборавајќи дека тие се составени од мали, а понекогаш дури и незабележителни ситници. Немојте да ги игнорирате малите работи кои ве прават среќни. Во спротивно многу ќе се покаете доколку не ги цените навреме.
Водолија – Не грижете се толку многу
Запомнете дека вознемиреноста не е ништо повеќе од реакција на мозокот и не ја одразува реалноста. Нема смисла да размислуваме за работи што можеби никогаш не се случуваат. Премногу си го заморувате мозокот со хипотетички сценарија. Зошто се грижите толку многу – шансите да се случи тоа се речиси непостоечки.
Риби – Грижете се малку повеќе за другите
Време е да се погрижите за вашите најблиски. Многу веројатно е дека на некој од постарите членови на вашето семејство му треба повеќе внимание или помош, но вие сте го запоставиле. Имајте малку слух за потребите на другите луѓе. Прашајте ги што им е потребно доколку не сакаат самите да ви кажат.
(О)Милена | Црнобело