Лавовите стануваат глава на куќата, Водолиите – модерни: Како стареат хороскопските знаци?
Некои луѓе почнуваат вистински да го живеат животот по пензија, а други стануваат депресивни и здовени – како влијае староста на хороскопските знаци?
Кој не се предава до крај и се однесува како да ќе живее вечно, а кои се тие што се препуштаат на здодевни активности?
Пронајдете се:
Овен
Овните се чувствуваат како да ќе живеат засекогаш. Авантурата за нив почнува по 60-тата и никако не се предаваат. Полни се со енергија и со задоволство ги прифаќаат новите предизвици и сакаат да пробаат нови работи. Не се чудете ако направат нешто непромислено.
Бик
Биковите се хедонисти кои сакаат да уживаат во животните задоволства по секоја цена. Не се грижат за тоа дали ќе живеат 100 години, додека живеат убав живот. Го сакаат кругот на семејството и најблиските пријатели и и во староста сакаат да ги негуваат односите.
Близнаци
Луѓето родени во овој знак живнуваат на постари години. Тие не мислат дека стареат, туку дека созреваат, па може и на повозрасни години да почнат да редат успеси во кариерата, да почнат со здрав и активен животен стил и целосно да се променат.
Рак
Раковите се подготвуваат за староста цел живот, па уште на 40 години се однесуваат така. Тие се прекрасни баби и дедовци кои уживаат во прегратките на внуците и со душа ги чекаат овие безгрижни денови. Тие остануваат љубезни и активни, со добра енергија која ја шират наоколу, а немаат проблем денот да им помине во плетење и шиење.
Лав
Лавовите како што стареат чувствуваат дека мора да станат глава на семејството. Тие сакаат големи семејни собири, а додека да остарат тие добиваат многу важни титули и завидувачка кариера и искуство, па уживаат да раскажуваат приказни за животот на помладите генерации.
Девица
Само кога ќе остарат, Девиците може да си дозволат конечно да уживаат во целост во животот. Тие тогаш ја живеат втората младост и може да ве изненадат со своите одлуки – бојадисување на косата во луда боја, членување во безброј клубови, планинарски здруженија и слично.