Лавовите стануваат глава на куќата, Водолиите – модерни: Како стареат хороскопските знаци?
Вага
Луѓето родени во знакот на Вага изгледаат како 50-годишни и на 70-годишна возраст. Тие се грижат за својот изглед и остануваат грациозни и во староста. Почитуваат здрав животен стил, а ако се сами во тој период, не е чудно и во староста да почнат да флертуваат со други луѓе. Сакаат да бидат во форма во секоја смисла.
Скорпија
Додека стигнат до пензија, „отровот“ на Скорпиите полека исчезнува. Го намалуваат сарказмот, иако не се откажуваат од него целосно и во староста. Сакаат да прават убави работи, ентузијастични се и преземаат нови чекори. Нема да дозволат да потклекнат во староста и секогаш се одржуваат.
Стрелец
Стрелците сакаат староста да ја поминат во мир и тишина, да уживаат во хармонија и да се потсеќаат на турбулентното минато. Тие уживаат во природата и сонцето и активности поминати надвор со саканите. Патувањето ги одржува во живот, па нема да си го скратат тоа задоволство и на постари години.
Јарец
Иако ова не важи за сите, сепак голем број Јарци во староста ја ублажуваат потребата секогаш да се докажат во нешто и конечно се смируваат, наоѓаат ново хоби и уживаат во животот на еден нов начин, дотогаш за нив непознат.
Водолија
Ништо чудно бабите во знак на Водолија да облечат некои шик хеланки и розови очила и да вежбаат аеробик дома или на отворено. Мажите исто така ќе се трудат да бидат шик и да докажат дека староста не им може ништо. Вечно се одржуваат млади.
Риби
Рибите се преплашени од осаменоста на стари години и се обидуваат да не мислат на тоа однапред бидејќи ги напаѓаат негативни мисли. Но, затоа се трудат да стекнат што повеќе пријатели, да имаат со кого да ја поминат староста. Ќе ги најдете на сите прослави по дома или во кафеани и ќе бидат најрасположени гости.
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com