Емотивци кои сакаат да патуваат – Какви се луѓето родени во месец мај?
Лицата родени во месец мај се љубители на патувањата, но и на уметноста. Упорни се и ги остваруваат сите свои цели.
Еве уште што друго е карактеристично за нив:
1. Вредно работат
Амбициозни се и вредни, својата енергија ја вложуваат како би си оствариле сите поставени цели. Сепак, понекогаш знаат да претераат и да заборават дека работата не е единствената работа од која се состои животот.
2. Емотивни се
Лицата родени во мај се огромни емотивци, чувствителни на нежни и груби зборови, но и емпатични.
3. Полни се со енергија
Сакаат кога животот им е брз и возбудлив, па немаат проблем со тоа да бидат во движење од утро до вечер.
4. Сакаат да патуваат
Обожаваат да запознаваат нови култури и луѓе, како и да создаваат спомени кои ќе ги прераскажуваат цел живот.
5. Своеглави се
Тешко е да го промените мислењето на луѓето родени во мај. Не само што се држат до своите аргументи, туку и без проблем влегуваат во дијалог со секој кој мисли поинаку.
6. Сакаат да трошат
И тоа да трошат на екстравагантни работи, не само за себе, туку и на луѓето кои ги сакаат. Од друга страна пак, знаат да штедат и да не влегуваат во минус, односно да не трошат пари кои ги немаат на сметката.
7. Секогаш го завршуваат она што го почнале
Има ли подобра особина од оваа?
8. Харизматични се
Луѓето родени во петтиод месец од годината секогаш знаат како да се најдат во центарот на вниманието и затоа се обожавани во секое друштво.
9. Ја ценат уметноста
Се потпираат на разни видови на уметност за забава. Плус, го обожаваат креативното и необично размислување.
М. Д. | Црнобело