Како секој хороскопски знак се справува со кризата поврзана со корона вирусот?
Корона вирусот и паниката непрестајно се шират низ светот. Како секој од нас се справува со лудилото во зависност од хороскопскиот знак? Додека едни остануваат разумни, други паничар, трети пак плачат, а некои одвај се воздржуваат во седењето дома.
Како секој хороскопски знак се справува со кризата?
Овен
Вие немате проблем со само изолацијата во својот дом. Познати сте како индивидуалци и најдобро се снаоѓате самите во кризна ситуација. Но, имате проблем со седењето во затворен простор.
Најдобриот совет за вас е да возите велосипед е или пешачите, секако сами и доколку условите го дозволуваат тоа, а секогаш може да вежбате и дома.
Бик
Сакате да се чувствувате мирно и безбедно во својот дом. Вие го сакате чувството на целосна контрола, сите конци да ги држите во своите раце.
Целата оваа неизвесна ситуација ве излудува, а вие сте едни од оние што постојано ги празнат полиците во супер маркетите и трупаат резерви.
Близнаци
Зависни сте од вести и нови информации. Во моментот кога ќе ги добиете ги препраќате на сите блиски и познати лица. Секако дека им се јавивте на сите да ги прашате како се и како ја поднесуваат изолацијата.
Слободното време го поминувате во решавање квизови и тестови, најчесто поврзани со сопствениот карактер.
Рак
И со и без кризната состојба, вие сте човек што најмногу сака да го поминува времето во рамките на домот. Готвите, чистите, слушате музика и си играте со вашето милениче. Навидум немате страв од кризата.
Но, сепак внимавајте на здравјето и физичкиот изглед, не дозволувајте да се запуштите или да го ослабите имунитетот.
Лав
Како и секогаш–вие сте гласни и драматични. Ве гуши затвореноста во домот и ве нервираат сите кои не ги слушаат вашите совети. Ги излудувате домашните и се излудувате себеси.
Скептични сте за сите вести поврзани со вирусот, останувате со часови до доцна во ноќта за да читате научни трудови што ви имаат смисла и доза вистина.
Девица
Конечно, свои на своето. Сите ги мијат рацете и сите внимаваат на хигиената, а вие сте пресреќни поради тоа. Вие ги миете рацете помножено по 3 пати повеќе од домашните. Внимавајте да не си ја оштетите кожата.
Претерувате со црната хроника, можеби е време да се опуштите со малку забавни портали и филмови.