Ретроградниот Меркур ќе трае до 11 април – Што ќе му се случи на секој од знаците?
Вага
Во однос на кариерата ве очекува вистинска збрка, хаос и напнатост, а можни се и финансиски загуби што ќе ги претрпи домашниот буџет. Ќе имате мали, здравствени проблеми и поради тоа работете на зајакнување на имунитетот.
Тешкотиите во односите со другите луѓе целосно ќе ви го нарушат животното темпо, но не дозволувајте да кажете или да направите нешто поради што подоцна ќе се каете. Природата на вас ќе делува смирувачки, па поминувајте повеќе време во неа.
Скорпија
Ретроградниот Меркур ја отвора вратата кон минатото и ви носи стара, одамна заборавена љубов. Ќе ја откриете својата нова интимна и емотивна страна за која не сте ни знаеле дека постои. На работа ве очекува пријатен период, ќе имате одлични идеи и многу креативна енергија.
Слушајте што сака вашата душа, затоа што само таа може да ве однесе на патеката на добрите можности.
Стрелец
Овогодишниот ретрограден Меркур ќе му донесе неверојатна забава на вашиот знак. Дозволете си дополнителен одмор, уживање со саканите лица и овозможете му го на вашето срце долгоочекуваниот момент на радост.
Не барајте грешки кај себеси и избегнувајте конфликти. Воспоставете темел на мир кој ќе ви овозможи повторно да дојдете во допир со себеси.
Јарец
Ве очекува борба, стрес, работа и напор. Ова е идеален период за стекнување нови знаења и фокусирање на нешто корисно коешто ќе ви го одвлече вниманието од негативните работи.
Истовремено, ќе ви донесе подобрување во многу области од животот. Во целиот тој хаос исполнет со работа, особено добро ќе ви делуваат релаксирачките разговори со драги луѓе.
Водолија
Водолиите нема многу да се потресат од ретроградниот Меркур во знакот на Риби. На ум ќе ви паѓаат секакви возбудливи идеи и конечно ќе завршите некои работи кои многу долго сте ги одолговлекувале.
Но, внимавајте кога финансиите се во прашање. Не носете големи, ненадејни и долгорочни одлуки поврзани со пари. Дозволете да ве води интуицијата, мирно и внимателно.
Риби
Вашата интуиција е неверојатно зголемена, точно ќе знаете како да ги надминете препреките врз кои ретроградниот Меркур фрла уште поголема сенка. Одвојте повеќе време за одмор, посветете им повеќе внимание на сопствените желби и поминувајте што е можно повеќе време во природа.
Ќе бидете смирени и нема да дозволите ситните препреки да застанат помеѓу вас и вашите соништа.
(О)Милена | Црнобело