Љубовен хороскоп за март 2020-та: Биковите да ги намалат критериумите, Девиците да ги избегнуваат лагите

Вага

Ако сте во врска

Месецов ќе сакате да им се посветите на практичните работи, па можно е да разговарате со партнерот за преуредување на домот. Овој период ќе уживате во заедничките излегувања и моментите поминати заедно. Во втората половина од месецот ќе треба да му се посветите на семејството, а можни се и несогласувања со партнерот околу тоа.

Ако сте слободни

Ќе барате личност со која можете да започнете сериозна врска. Потребен ви е партнер на кој можете да се потпрете и нема да прифатите ништо помалку. Но, ќе сфатите дека не е лесно да најдете таква личност. Постарите Ваги сепак ќе најдат ваква личност, но ќе им биде потребно подолго време да се зближат.

Скорпија

Ако сте во врска

На почетокот од месецот ќе бидете затворени, но ова може да предизвика несогласувања со партнерот. Сепак, набрзо вашиот однос ќе се подобри. Ќе внесете нешто ново во врската што ќе ја разбие монотонијата и ќе им се посветите на заедничките цели. Кон крајот на месецот на партнерот ќе му биде потребна вашата поддршка, а вие сте подготвени да му ја дадете.

Ако сте слободни

На почетокот од март ќе се чувствувате осамено и ништо нема да ви го подобри расположението. Но, не очајувајте – во втората половина од месецот ве очекува познанство со позитивна личност, која веднаш ќе ве привлече. Ќе почнете да излегувате заедно и ќе сфатите дека сте одличен пар.

Стрелец

Ако сте во врска

Во првите денови од месецот ќе имате проблеми со комуникацијата со партнерот. Можно е да им се вратите на некои стари проблеми, но овојпат ќе морате да ги решите. Со овој разговор ќе избегнете многу недоразбирања во иднина, па не го одложувајте. Кон крајот на месецот можно е да му обрнувате помалку внимание на партнерот, но ќе го решите и тоа.

Ако сте слободни

Ќе имате потреба да запознаете личност која навистина ќе ве разбере и со која ќе можете да разговарате со часови. Кон средината на месецот очекувајте познанство со личност која многу ќе ви се допадне. Можеби оваа личност нема да биде многу комуникативна, но сигурно ви го мисли најдоброто. Знае кои се вашите желби и потреби.

Јарец

Ако сте во врска

Ќе ви се укаже можност да го подобрите односот со партнерот. Па, ќе ја искажувате вашата љубов многу почесто од порано. Активно ќе работите на заедничките планови и ќе најдете начин на партнерот да му исполните голема желба. Во втората половина од месецот можно е и заедничко патување, кое без сомнение ќе биде многу забавно.

Ако сте слободни

Ќе запознаете личност која ќе го покаже нејзиниот интерес за вас. Ќе откриете дека имате многу заеднички работи, па брзо ќе се роди и обострана љубов. Бидејќи привлечноста ќе биде премногу силна, обидете се да не изгубите контрола. Можен е почеток на навистина убава врска.

Водолија

Ако сте во врска

Во март ќе настојувате да ги занемарите недостатоците на партнерот, но ова може да предизвика недоверба. Обидете се да минувате повеќе време заедно и да ги задоволите вашите потреби. Ќе ви годат заедничките моменти, па гледајте да ги има што повеќе. Ќе остварите некоја заедничка цел, а ова ќе ви ја зајакне врската.

Ако сте слободни

Ве очекува навистина динамичен месец. Ќе запознаете личност што ќе ве привлекува, но не доволно за да започнете нешто сериозно. Сепак, до крајот на месецот можно е и уште едно познанство, овојпат со личност која ги исполнува сите ваши критериуми.

Риби

Ако сте во врска

Ќе им се навратите на проблемите во врска со довербата, па можни се несогласувања. Обидете се овојпат да им ставите крај на недоразбирањата. Бидете искрени и немојте да криете ништо од партнерот. Во втората половина од месецот партнерот ќе има потреба од вашата поддршка, но не сте сигурни дали можете да му ја дадете. Обидете се да најдете повеќе време само за вас двајцата.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот можна е средба со поранешен партнер, кој повторно ве привлекува. Можно е да почне да ве привлекува и личност со која досега сте имале површен и пријателки однос. И двете личности ќе сакаат нешто повеќе со вас, па вие ќе треба да ја донесете крајната одлука.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg