Љубовен хороскоп за февруари 2020-та: Биковите ќе почнат со заеднички планови, Близнаците ќе сакаат кратка авантура
Вага
Ако сте во врска
Ќе му обрнувате повеќе внимание на партнерот, а истовремено ќе очекувате поголема поддршка од него. Партнерот, пак, нема да биде во можност да ви се посвети колку што сакате. Ова може да предизвика напнатост, па дури и заладување на односот. Сепак, при крајот на месецот ситуацијата ќе се подобри. Ќе имате можност да направите позитивна промена во вашиот дом, а ова дефинитивно ќе ве зближи.
Ако сте слободни
Ќе имате потреба постојано да бидете во движење и да се забавувате. Првата половина од февруари ќе ви донесе можност за кратка авантура. Сепак, со текот на времето, ќе откриете дека сакате и нешто посериозно со оваа личност. Можеби личноста нема да биде подготвена за сериозна врска, но дефинитивно ќе станете поблиски. Постарите Ваги ќе бидат склони кон вљубување. Ќе запознаете неколку потенцијални партнери, но на крај ќе сфатите дека сакате само авантура.
Скорпија
Ако сте во врска
На почетокот од месецот ќе разговарате со партнерот за заедничките планови за иднината. Ќе се сложувате за речиси сè. Благодарение на ова, ќе направите стабилен план со кој навистина ќе ја стигнете целта. Во втората половина ќе го подобрите односот и ќе ја освежите врската. Целиот месец ќе биде исполнет со уживање и забава.
Ако сте слободни
Овој месец ќе сакате да најдете личност за стабилна врска. Веќе имате барем двајца потенцијални кандидати, па размислувате кого да одберете. Кон средината од месецот ќе запознаете личност која веднаш ќе ве привлече. Сосема непланирано ќе започнете да се гледате и постои можност за врска. Постарите Скорпии конечно ќе ѝ го привлечат вниманието на личноста што веќе некое време им се допаѓа.
Стрелец
Ако сте во врска
На почетокот од февруари ќе имате многу идеи за како да ја подобрите врската. Партнерот со задоволство ќе ги прифати вашите предлози. Важно е да обрнете внимание на комуникацијата за да ги избегнете непотребните недоразбирања. Во втората половина од месецот можно е да имате проблеми со остварувањето на заедничките планови. Ова може да го залади вашиот однос. До крајот на месецот ситуацијата ќе се подобри.
Ако сте слободни
Преку некој пријател ќе запознаете личност со која веднаш ќе најдете заеднички јазик. Ќе се гледате некое време, но до средината на месецот новиот партнер ќе ви изгледа неодлучно. Можно е да се појави напнатост, но до крајот на месецот може да започнете и врска. Постарите Стрелци ќе се обидат да ја привлечат личноста што им се допаѓа. Дури кога ќе изгубите надеж, нештата ќе тргнат на подобро.
Јарец
Ако сте во врска
Ве очекуваат динамични разговори што ќе ви годат и вам, и на партнерот. Довербата во врската ќе се засили и ќе можете да му го дадете на партнерот она што му е потребно. Обидете се да минувате повеќе време со партнерот и семејството. Во втората половина од февруари можно е да се појават конфликти. Меѓутоа, со добар разговор ќе успеете да најдете компромис.
Ако сте слободни
Потребен ви е рамноправен партнер кој ќе презема инцијатива кога е потребно. Личност која е независна, амбициозна и практична. За среќа, ќе запознаете некој што ги исполнува сите ваши критериуми, а уште подобро е што набрзо ќе почнете и да се гледате. Кон крајот на месецот можно е да разговарате и за сериозна врска. Постарите Јарци, пак, ќе имаат превисоки стандарди и нема ни да ги забележат луѓето кои им се додворуваат.
Водолија
Ако сте во врска
Во првата половина од февруари ве очекува мирен период. Добро ќе се согласувате со партнерот и ќе му ја дадете потребната поддршка. Отворено ќе ги покажувате вашите чувства, а ова ќе му годи на партнерот. Најважното е што добро ќе се разбирате и ќе разговарате за сè и сешто. Во последната недела од месецот ќе им се посветите на заедничките планови.
Ако сте слободни
Ќе налетате на личност која веднаш ќе ви се допадне. Сепак, после краток разговор, ќе сфатите дека сте сосема различни. Кон средината на месецот можно е да запознаете личност со која подобро ќе се разбирате, но и кон која ќе се родат чувства. Постарите Водолии веројатно ќе се гледаат со две личности истовремено, но и во двата случаи, врската ќе биде површна. Кон крајот на месецот ќе донесете одлука со која личност сакате да бидете.
Риби
Ако сте во врска
На почетокот од месецот на партнерот ќе му требаат повеќе внимание и поддршка. Целиот месец ќе разговарате повеќе од вообичаено и ќе ги разјасните сите недоразбирања од претходно кои продолжиле да се повторуваат. Можно е да бидете склони кон импулсивни реакции. Втората половина од месецот ќе биде променлива. Партнерот нема да покаже разбирање за вашите планови, но до крајот на февруари нештата ќе тргнат на подобро.
Ако сте слободни
На почетокот од месецот ќе дознаете дека некој познаник е вљубен во вас. Ќе се обидува да ве освои, но воопшто нема да бидете заинтересирани. Од средината на месецот оваа личност ќе си го промени пристапот и ќе почне да ви го привлекува вниманието. Постарите Риби ќе се обидат да започнат врска, но поради недоразбирањата веројатно ќе се откажат. Во средината на месецот ве очекува средба со бившиот, но и можност да ја обновите врската од минатото.
Спирова С. | Црнобело