Лавовите изневеруваат кога губат контрола - Кои мажи се најголеми прељубници во хороскопот?
Додека едни ќе бидат верни до крај, други се подготвени во секој момент да ве изневерат – кои се најголемите прељубници во хороскопот?
Во хороскопот постојат 5 знаци, кои важат за најголеми прељубници. Можеби не се баш во секое време подготвени да го изневерат партнерот, но сепак има нешто што ги тера на тоа повеќе од другите.
Дали ќе се пронајдете? Не кревајте веднаш паника ако на листата го има вашиот партнер, но сепак внимавајте, да не ви пораснат рогови...
Лав
Независно од ситуацијата, Лавот секогаш мора да е на врвот, бидејќи се сметаат за најубави, најпаметни и најпосакувани. Кога тие ќе почувствуваат дека губат контрола во врската, мислите за изневерување веднаш им поминуваат низ глава. Само почитта понекогаш може да биде единственото нешто што ќе ги спречи од ова дел.
Овен
Овните не сакаат здодевност и сакаат да пробаат различни работи и искуства во животот, па затоа некогаш може да им пречи ако предолго се „заглавени“ со еден партнер. Ако ја снема страста во врската, тешко дека некој ќе може да го скроти Овенот и лесно може да уништи сè, ако не стави прст на глава.
Близнаци
Мажите во знакот на Близнаци се како излезени од некој филм – сакан сопруг и пример за маж во домот, а страстен љубовник надвор од дома. Често овие мажи знаат да водат паралелно два различни животи и да не им пречи. Секако, нешто треба да ги предизвика за тоа...
Рак
Иако Раковите сонуваат за семеен комфор, сепак понекогаш знаат да покажат непочит. За нив сè мора да е совршено, а овие мажи понекогаш предоцна дознаваат дека среќата не лежи во тоа. Ако не сфатат навреме, можно е да дојде до прељуба.
Стрелец
Харизматичните Стрелци не можат да живеат без вниманието да биде насочено во нив. Овие луѓе сакаат да бидат сакани и да им се восхитуваат, а тие често знаат да изневерат не затоа што не се задоволни од партнерот, туку бидејќи сакаат да пробаат и нешто друго, а и да се проверат дали уште можат да се „продадат добро“.
M. M. | Црнобело