Љубовен хороскоп за јануари 2020-та: Лавовите се за кратки авантури, Биковите ќе имаат романтично бегство
Зајакнување на односите, нови љубовни авантури или несогласувања... што ве очекува на поле љубов во првиот месец од 2020-та?
Што предвидуваат ѕвездите за вашиот љубовен живот во јануари? Што ќе се случува во животите на зафатените, но и слободните хороскопски знаци?
Прочитајте во продолжение и влезете „подготвени“ во 2020-та:
Овен
Ако сте во врска:
Ќе уживате во многу пријатни активности со саканата личност во првата половина на месецот. Ќе имате време да се посветите еден на друг и ќе знаете како да си ги исполнувате меѓусебните желби и потреби. Ќе разговарате за многу заеднички планови во иднина и со тоа ќе го подобрите квалитетот на врската. Во втората половина на месецот ќе ѝ приредите на саканата личност едно или повеќе изненадувања, а еден подарок ќе има големо значење. Можни се мали и минливи несогласувања кон крајот на месецот.
Ако сте слободни:
Почетокот на новата година ќе ви донесе многу дружење и контакти со личности со кои може да достигнувате поголеми височини и со кои ќе бидете на исто ниво. На некоја од многуте средби, кон средината на јануари може да запознаете личност со која одлично ќе се разбирате, а ќе ве привлече физички и интелектуално. Кон крајот на месецот може да започнете врска, која ќе биде динамична и романтична истовремено.
Бик
Ако сте во врска:
Почетокот на годината може да ви тргне со некое заедничко патување или планирање на некое слично доживување. Искористете ги можностите за такви бегства, така повеќе ќе се зближите, а тоа ви е потребно. Ќе си пружате поддршка со партнерот и ќе разговарате отворено на многу теми. Во втората половина на месецот ќе се посветите на остварување заеднички планови, а кон крајот на месецот можни се несогласувања кои ќе предизвикаат љубомора и повремени кавги. Заедничките инвестиции нема да ви бидат силна страна.
Ако сте слободни:
Познанството со некоја личност од странство или која живее подалеку од вас, ќе ви донесе почести контакти и ќе разбуди заемни емоции. Ќе добиете покана за состанок, но можеби тоа ќе значи да отпатувате, па размислете што сакате. Имајте на ум дека добро ќе се согласувате со оваа личност и ќе одржувате добар однос на далечина ако се решите за врска.
Близнаци
Ако сте во врска:
На почетокот на месецот очекувајте динамика на љубовно поле, време е повеќе да се ангажирате околу заедничките активности и повеќе време да поминете како пар. Потребни ви се промени во врската за подобар квалитет и за да избегнете монотонија и незадоволство. Кон крајот на месецот во врската ќе имате повеќе разбирање и ќе го изненадите пријатно партнерот со вниманието кое ќе му го пружите.
Ако сте слободни:
Во јануари ве очекува динамична авантура со личност која ќе ве привлече со својата силна енергија, а ќе ви се допадне и по физички изглед. Ве очекува многу заедничка забава, а ќе се согласувате неочекувано добро. Ќе се разбудат силни страсти и ќе се чувствувате како да сте во врска со љубовта на вашиот живот. Сепак, кон крајот на месецот, страста ќе се претвори во љубомора, па ќе дојде до компликации...
Рак
Ако сте во врска:
Ве очекуваат стабилни односи со саканата личност, но тоа најмногу ќе биде заради вашата контрола и одржување на баланс. Ќе бидете емотивно повлечени, но тоа може да ја намали блискоста со партнерот. Обидете се да внесете повеќе квалитет во врската и ќе имате можност да остварите поголеми заеднички цели. Кон крајот на месецот односите ќе зајакнат, ќе се разбудат страстите, но внимавајте на љубоморните испади.
Ако сте слободни:
Месецот ќе биде поволен ако сте заинтересирани за почеток на нова врска на долги стази. Ќе запознаете личност која ќе ве привлече не само физички, туку и со своите ставови, стабилен карактер, но и страста која ќе ве привлекува како магнет. Привлечноста ќе биде обострана и ќе почнете почесто да се гледате кон средината на месецот. Внимавајте да не ја идеализирате личноста, тоа може да предизвика пречки.
Лав
Ако сте во врска:
Ќе го фокусирате вниманието на нешто што ви создава пречка за совршени односи со партнерот, а со тоа ќе порасне желбата за поминување повеќе време заедно. Ќе имате јасна слика за тоа што треба да направите, а набрзо целокупниот однос ќе се подобри. Во втората половина на месецот ќе имате нови идеи за тоа како да ја зачините врската со нови активности, ќе ви се зголеми комуникацијата и ќе имате подобро разбирање.
Ако сте слободни:
Имате потреба за поголема слобода и нема да бидете заинтересирани за почеток на емотивна врска, туку ќе се фокусирате на забава. Сепак, тоа нема да ве попречи да влезете во некоја кратка авантура со личност која е позрела и повозрасна, а ќе ве привлечат ставовите и карактерот. Ќе имате доволно слобода и овој тип на врска нема да ве гуши. Средбите нема да бидат чести, но сепак се доволно интензивни и емотивни.
Девица
Ако сте во врска:
Во првиот месец од годината ќе знаете точно што сакате од врската и ќе знаете како треба да се поставите пред партнерот во различни ситуации. Ќе покажете повеќе емпатија и разбирање за променливите расположенија и ќе внесете квалитет на ново ниво во врската, што двајцата ќе ве исполни со задоволство. Во втората половина на месецот, комуникацијата уште повеќе ќе се подобри и ќе се сложувате за заедничките планови. Ве очекува и повеќе забава, излегувања во друштво, но и интимни моменти.
Ако сте слободни:
Јануари ќе ви донесе повеќе можности за почеток на емотивна врска, која има потенцијал да трае долго. Потенцијалниот партнер ќе го запознаете на забава или некаков тип на друштвена средба, а иако на почетокот ќе бидете повлечени и несигурни, по средината на месецот емоциите ќе се зајакнат и можно е да се вљубите и да поминувате повеќе време заедно. Ќе се чувствувате како да сте ја нашле вашата сродна душа.