Љубовен хороскоп за јануари 2020-та: Лавовите се за кратки авантури, Биковите ќе имаат романтично бегство
Вага
Ако сте во врска:
Во почетокот на јануари очекувајте подинамични и конструктивни разговори со саканата личност. Ќе знаете како да го поттикнете партнерот и да влеете доверба и добро расположение во секојдневието. Постојано ќе бидете вклучени во заеднички активности и ќе освојувате заеднички цели. Во втората половина ќе бидете насочени кон семејниот живот, но ќе наоѓате време и за забава и исполнување на слободното време. Кон крајот на месецот можни се несогласувања, внимавајте како се изразувате.
Ако сте слободни:
Почетокот на јануари ќе биде погоден за нови познанства и забава. Ќе ви се допадне личност која е динамична, бунтовна и од акција, а истовремено ќе успее да извлече насмевка на вашето лице. Ќе почнете да се гледате лежерно, без обврски, но кон средината на месецот тоа ќе прерасне во нешто посериозно бидејќи ќе уживате во заемното присуство. Сепак, кон крајот на месецот ќе сфатите дека сепак личноста не е вашата сродна душа.
Скорпија
Ако сте во врска:
Во јануари ве очекуваат добри односи со саканата личност, ќе се согласувате, ќе внесете забава и многу интимни моменти во секојдневието. Ќе преземате иницијативи и ќе организирате заеднички активности, излегувања и романтични бегства, што ќе ве зближат уште повеќе. Во вас ќе се разбуди креативноста и ќе најдете интересни начини како да си го организирате слободното време, а ќе почнете да посетувате места на кои претходно сте заборавиле.
Ако сте слободни:
Една спонтана средба и обичен разговор може да направи да „паднете“ на шармот на некоја личност која ќе ве привлече со идеите, интересите и ведриот дух, но и страста која ќе ја разбуди во вас. Овие карактеристики совршено одговараат на вашите критериуми, па брзо ќе се впуштите во интимни односи, но и во емотивна врска, која ќе донесе динамика во вашето секојдневие. Одлично ќе се согласувате.
Стрелец
Ако сте во врска:
Ќе имате голема потреба од саканата личност во овој период, па потрудете се да внесете квалитет во врската. Ве очекуваат стабилни односи, но не се држете до монотонијата и впуштете се во некои нови активности и направете неочекувани чекори. Во втората половина од месецот можни се мали несогласувања, а вашата тврдоглавост може да е причината за тоа. На крајот ќе успеете да направите договор.
Ако сте слободни:
Имате потреба да ги поделите чувствата и моментите со некого во интимна атмосфера, па ќе се впуштите во потрага по личност која може да ви помогне во тоа. Во втората половина на месецот ќе успеете да најдете амбициозна и практична личност со стабилен карактер и цврсти ставови, што многу ќе ве привлече. До крајот на месецот може да започнете врска.
Јарец
Ако сте во врска:
Ќе имате многу слободно време кое ќе го посветите на вашата сакана личност, а двајцата ќе бидете мотивирани да поминувате повеќе време во заеднички активности. Ќе се впуштите во многу емотивни и длабоки разговори и ќе одите на забавни места кои ќе ви го исполнат секојдневието. Во втората половина на месецот ќе се посветите на остварување заеднички, поголеми цели, избегнувајте невистини и потрудете се да бидете јасни во желбите и ставовите.
Ако сте слободни:
Каде и да се појавите ќе привлекувате внимание бидејќи ќе знаете како да се истакнете во најдобро светло, а постојано ќе изгледате привлечно од глава до пети. Зрачите со вашиот изглед, но ќе привлекувате и со вашиот карактер и ставови. Ќе ви биде лесно да остварувате нови контакти и да најдете некој со кој ќе делите исти интереси. Многу брзо ќе остварите емотивна блискост со некој со кој ќе ви оди комуникацијата со леснотија.
Водолија
Ако сте во врска:
Во првиот дел на јануари ќе почувствувате засилена потреба од партнерот, па ќе почнете да си пружате повеќе искрени емоции и внимание. Подготвени сте да ја изненадите саканата личност со убави подароци и мали знаци на внимание. Ќе внесете квалитет во врската и ќе имате време да се посветите на интимноста. Успешно ќе ги остварите заедничките цели, што подолго време ги одолговлекувате.
Ако сте слободни:
Ќе имате поголема потреба да излегувате почесто и да поминувате повеќе време со пријатели. Ќе бидете опкружени со многу нови личности, а вие ќе бидете во центарот на вниманието. Лесно ќе го привлечете и вниманието на личноста која вам ќе ви се допадне, но ќе ве стави пред предизвик. Ќе ги покажете вашите квалитети и брзо ќе успеете да ја придобиете. Ќе почнете да се гледате почесто и набрзо ќе влезете во врска бидејќи делите исти интереси.
Риби
Ако сте во врска:
Во јануари очекувајте подобри односи со партнерот заради одличното согласување и честите, искрени разговори. Лесно ќе се договарате околу заедничките цели и одлуки, често ќе се дружите со други луѓе и нема да имате никакви тешкотии во секојдневието. Ќе ви годи заедничкото време поминато на различни манифестации и настани, а постојано ќе си пружате меѓусебна поддршка.
Ако сте слободни:
Ќе запознаете личност со која ќе почнете да си разговарате од досада, но во текот на разговорот ќе откриете многу заеднички интереси. Ќе ви годи друштвото на оваа личност, а ќе забележите дека привлечноста ќе стане обострана. На почетокот ќе бидете воздржани, но набрзо ќе почнете почесто да се гледате и ќе се разбудат страстите.
М. М. | Црнобело