Како секој хороскопски знак ќе ги „преживее“ празниците?
Вага
Ако сакате да поминете мирно и спокојно овие празници, ќе мора отворено да зборувате за вашите емоции. Ако нешто ви пречи – кажете го гласно.
Секако, внимавајте на тонот да не звучите луто и нападно, но не си го уништувајте одморот така што ќе го поминете намуртени. Бидете искрени.
Скорпија
На Скорпиите им е тешко да веруваат и да се отворат пред луѓето, но тоа е тоа што ви е неопходно за време на овие празници.
Препуштете се на емоциите и славете ги празниците согласно на вашите желби. Гушнете некого, кажете „те сакам“ или напишете емотивно писменце на блиските.
Стрелец
Стрелците секогаш се на сите страни, не можат да се фокусираат, летаат и се губат, постојано нешто планираат и мислат како да го изиграат следниот чекор.
Единствениот совет кој ви треба за овие празници е – бидете присутни во моментот. Уживајте во сегашноста и во она што е пред вас.
Јарец
Баш како и Девиците, така и Јарците сакаат да ги имаат работите под контрола. Но, немојте! Опуштете се и забавувајте се.
Најважно – престанете да се жалите и да давате песимистични коментари. Искористете го максималното време за забава, за да не се каете што празниците едноставно ви летнале.
Водолија
Водолиите по природа се опуштени, но недостаток им е што секогаш знаат сè и за сè сакаат да бидат во право.
Па, ако сакате безболно да ги поминете празниците – не навлегувајте во дискусии со роднините и пријателите на непријатни теми. Не се ставајте во ситуација со часови да се објаснувате кој е во право.
Риби
Рибите мора да ги заборават лошите работи кои им се случија во 2019-та и да не ги раскажуваат на празничната трпеза.
Луѓето се расположени за време на празниците и не сакаат емоционални вампири кои им ја црпат среќата. За да не останете да славите сами – престанете да се жалите.
М. Д. | Црнобело