Последното нешто што девојките сакаат да го добијат за празниците, според хороскопот
Вага
Нешто сезонско што нема да може да го носи по празниците. Повеќе би сакала да ѝ подарите пижами кои ќе ги носи цела година, или џемпер што ќе го носи цела година, или можеби некои заеднички модно усогласени парчиња за двајцата.
Скорпија
Книга за грижа за себе. Веројатно не сакате вашата девојка да остане навредена и да мисли дека ја сметате за личност на која ѝ е потребна помош. Доколку одите во таа насока, подобро одберете книга која ѝ се допаѓа, или од нејзиниот омилен автор, па уште ако може да е потпишана...
Стрелец
Мирислива свеќа. Не би сакале да одите во таа насока. Ако сакате да бидете на сигурно, подобро купете ѝ нов оригинален парфем или некој кој ѝ е омилен мирис со години.
Јарец
Букет свежо цвеќе. Таа повеќе би сакала да изберете нешто персонализирано, а не клише. Потрудете се и одберете некои ситници поврзани со вашиот омилен филм или серија или нешто слично што ве поврзува за празниците.
Водолија
Честитка со празнични мотиви без персонализирана порака. Секој може да се потруди повеќе од ова за својата сакана. Можете да изберете некоја убава книга, или сами да напишете нешто убаво што ви доаѓа од срце. Било што е подобро од готова честитка.
Риби
Накит што може да се најде секаде. Класичен накит што го имаат и сите останати девојки нема да ги израдува Рибите. Подобро одберете некој необичен накит и изгравирајте порака или некој важен датум.
М. М. | Црнобело