6 хороскопски знаци на кои среќата ќе им се насмевне во 2020-та
Се ближи 2020-та година, за која астролозите предвидуваат дека ќе биде добра за сите хороскопски знаци, но само на половина од нив среќата комплетно ќе им се насмевне.
Се работи за знаците за кои последниот дел од 2019-та не беше најсреќна, па новата година ќе значи и нов, подобар почеток.
Овен
Годината која изминува ви беше брза и хаотична, па иако направивте многу, имате чувство како многу работи да ви се останати недовршени. Во 2020-та ќе ви се пружи шанса да се опуштите. Ќе ви се покажат вистинските пријатели. Треба да живеете во сегашноста и малку да се олабавите од она што следи.
Лав
Како што поминува 2019-та година и доаѓа 2020-та, ќе добивате чувство дека многу подобро се запознавате себеси. Наредната година ќе имате многу време за промени, меѓу кои најважни ќе бидат оние за личен напредок. Ќе почнете да зрачите со магнетска привлечност.
Скорпија
Во 2019-та прекинавте многу контакти и површни пријателства, па во 2020-та е идеално време да се сконцентрирате на луѓето кои се тука до вас. Наредната година ќе имате многу шанси да почнете од почеток. Како што годината ќе одминува, така вашата среќа ќе расте.
Јарец
Оваа 2019-та беше тешка, но ве научи важни лекции. Во 2020-та ќе запознавате многу нови места и луѓе. Следете ги своите страсти и соновите ќе почнат да се остваруваат. Во 2020-та ќе ви се исплатат сите работи во кои се вложувате.
Водолија
На самиот почеток на 2020-та ќе добиете некои добри, но и некои лоши вести. Сепак, ќе преовладуваат добрите моменти и ќе зачекорите во нешто непознато, големо и неочекувано. Приликите кои можеби досега не ги ни очекувавте – сами ќе се отворат пред вас. Во 2020-та конечно ќе ги правите работите кои ги сакате од срце.
Риби
Идната година ќе ве доближи до посебни луѓе, па иако ја сакате самотијата, ќе сфатите колку ви недостасувале прави пријатели. Токму тоа ќе биде почеток на вашето среќно патешествие и максималното уживање во животот.
М. Д. | Црнобело