Новогодишен хороскоп: Како секој од знаците го украсува домот за време на празниците?

Вашиот хороскопски знак може да ви помогне да го извлечете најсветлото и најдоброто од себе за време на новогодишните и божиќните празници. Секој од нас има свои традиции и ритуали кои се однесуваат на претпразничниот период.

noivogodisen-horoskop-kako-sekoj-od-znacite-go-ukrasuva-domot-za-vreme-na-praznicite-001.jpg

Додека едни го опсипуваат домот со украси, други се алергични на сијалички.

Дознајте како се однесува вашиот хороскопски знак за време на овој период од годината:

ОВЕН

Ги цените декорациите кои лесно се составуваат. Сакате рано да ја накитите елката и да го украсите домот. Сепак ви се допаѓа традиционалниот изглед, чувате многу лампиони од минатото и вашето детство кои со гордост ги поставувате на елката.

Кога бирате украси приоритет им давате на овие во силно црвена боја, која патем е вашата омилена боја, бидејќи мислите дека така најубаво се доловува празничниот дух.

БИК

Традиционално сте поврзани со звуците и музиката. Обожавате ѕвончиња, музички кутии, мали минијатурни инструменти и украси.

Биковите особено многу се радуваат на играчките од типот на мали вовчиња кои кружат околу елката. Рачно изработените старински декорации кои вклучуваат чипка и ткаенини го задоволуваат вашето чувство за естетика, но и за заштеда на пари во овој период.

БЛИЗНАЦИ

Разновидноста е зачинот на вашиот живот, на тој начин ја разбивате монотонијата. На прашањето која е вашата омилена боја? Вие одговарате: сите!

Се одлучувате за богато украсена, шарена елка. Особено многу им се радувате на тематските украси поврзани со вашите омилени цртани филмови од детството. Сакате и украси на кои се испишани позитивни, празнични пораки, тие во целост го опишуваат вашиот начин на комуницирање со домашните и гостите. Особено сакате да шетате низ градот воодушевувајќи им се на сите празнични украси.

noivogodisen-horoskop-kako-sekoj-od-znacite-go-ukrasuva-domot-za-vreme-na-praznicite-2.jpg

РАК

Вие сте тип што пребарува по таванот или подрумите во потрага по стари лампиони и украси од минатото или се упатувате кон некоја антикварница за истата цел.

Ретро ѕвездата или врвот на елката особено многу ве радува. Обожавате рачно направени украси од тесто, глинамол, хартија, а сакате да правите и божиќни колачиња. Вареното вино ви е едно од најомилените работи во домот за време на празниците.

Празниците ги поврзувате со слатки мириси во домот и дружба со семејството и пријателите. Одлична идеја е да си направите еден вид на споменар со сите фотографии од прославите и подароците.

ЛАВ

Сонцето е вашиот владетел, одлична идеја е да го ставите овој симбол на елката како извор на животот. Како вистински огнен знак најидеално за вас е кога имате камин во своето опкружување.

Сакате мирисливи свеќи со зимски ароми како боровинки, цимет и јаболка. Подготвувате луксузни подароци за пријателите и членовите на семејството и очекувате да ви биде возвратено во иста мера.

ДЕВИЦА

Она што ве развеселува во домот е традиционалното цвеќе „божиќна ѕвезда“, но и многу цвеќиња кои спаѓаат во категоријата зимски–каранфили, бршлени кои одлично ќе го надополнат празничниот декор.

Вие сакате живи елки кои подоцна ќе ги пресадите со цел да им го продолжите векот на траење. Украсите во облик на снегулки особено ве воодушевуваат. Направете место и за кристали и полускапоцени камења кои имаат позитивно, терапевтско дејство, тоа е она што навистина ви е потребно со оглед на годината којашто ја имавте.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg