Љубовен хороскоп за декември 2019: Близнаците ќе направат сериозни чекори, Водолиите ќе се предомислуваат
Вага
Ако сте во врска:
Во првата декада на декември ќе имате шанса да ги подобрите семејните односи со родителите на партнерот, што и двајцата ќе ве направи посреќни. Важно е да покажете поголема иницијатива и да испланирате заеднички активности.
Втората половина од месецот ќе ве стави во празнично расположение, па ќе владее хармонија. Организирајте заеднички забави, поминувајте повеќе време дома, приредете си изненадувања. Овој период е добар да ги затоплите заладените односи и да излезете до рутината.
Ако сте слободни:
Ќе чувствувате потреба да се повлечете и да поминете повеќе време сами со себе, правејќи активности кои ве исполнуваат. Повремено ќе се дружите со пријателите и токму во едно од ретките излегувања ќе запознаете лице кое без срам ќе ви пристапи.
Прифатете ја помошта која новиот познаник ќе ви ја понуди и не бидете затворени. Набрзо ќе почнете да излегувате и да разговарате пријателски, но за среќа ќе сфатите дека сакате нешто повеќе. Крајот на декември ќе ви донесе врска која ќе изобилува со искрени емоции и отворена комуникација.
Скорпија
Ако сте во врска:
Почетокот на декември ќе ви донесе будење на заспаните страсти во односите со саканата личност и тоа ќе ве мотивира да продолжите заедно, иако можеби размислувавте за разделба. Ќе имате добро чувство дека се движите во права насока. Отворено комуницирајте.
Комуникацијата посебно ќе се подобри во втората половина од месецот, кога треба да се посветите на заедничките цели. Малите тензии кои ќе ви ги донесе последната декада од месецот ќе бидат базирани на празниците и празничните собири. Обидете се да разговарате смирено.
Ако сте слободни:
Ќе бидете полни со позитивна енергија и ќе одите на нови места, ќе запознавате нови лица и ќе забележите повеќе личности кои ќе ви го привлечат вниманието. Врските за една ноќ ќе ви бидат исклучително забавни и примамливи.
Сепак, втората половина од декември ќе ви донесе постабилно познанство со комуникативна личност. Ќе почнете да се гледате и да излегувате, но по едно недоразбирање сепак ќе сфатите дека е попаметно да не се врзувате. Поврзаноста ќе биде исклучиво физичка.
Стрелец
Ако сте во врска:
Почетокот на декември ќе ве мотивира да внесете поквалитетни промени во односот со саканата личност. Ќе поминувате многу време заедно, на обострано задоволство.
Третата декада од месецот може да ви донесе мала неискреност меѓу вас и саканата личност, како и несогласувања во врска со тоа каде и како ќе ги поминете празниците. Ќе успеете да се договорите дури кон крајот на месецот, но само ако вие имате поголемо разбирање.
Ако сте слободни:
Чувствувате потреба да се повлечете, бидејќи сте разочарани од тоа што не успевате да пронајдете личност која доволно ќе ве привлече за да се согласите на нешто долгорочно.
Ќе добиете покана од лице кое го знаете одамна и тоа за заеднички проект. Ќе се согласите бидејќи вниманието од личноста ќе ви одговара. Ќе се гледате почесто поради работата, но сепак нема лесно да ја предадете вашата доверба.
Јарец
Ако сте во врска:
Во првата половина од месецот треба да вложите повеќе време и внимание во емотивната врска. Водете пријатни разговори, зајакнете го меѓусебното разбирање и планирајте нови цели. Зборувајте за местата кои сакате заеднички да ги посетите.
Втората половина од месецот ќе биде во знакот на прославите. Можни се мали несогласувања околу дочекот на Нова година и семејните ручеци, но балансот е единствено решение. Не ја жртвувајте љубовта заради неколку собири.
Ако сте слободни:
Во декември ќе се трудите да изгледате секогаш беспрекорно, со што ќе го привлечете вниманието на потенцијални партнери. Имате високи критериуми, но кон средината на месецот ќе се запознаете со лице кое нема да се вклопува во стандардите, а сепак позитивно ќе ве изненади.
Страстите нема да ви недостасуваат во текот на овој месец, само треба да внимавате да не се впуштате во повеќе интимни врски истовремено.
Водолија
Ако сте во врска:
Месецот ќе започне со нејаснотии и недоразбирања, што ќе ја зголеми недовербата. Може да дојде до заладување на односите и секој разговор ќе биде отежнат. Со мало трпение и многу добра волја, оваа ситуација ќе ја средите до средината на декември.
Во третата декада ќе настанат квалитетни промени во љубовните врски со саканата личност и ќе си ја вратите близината. Не размислувајте за разделба. Повеќе време посветете им на празничните активности во пар.
Ако сте слободни:
Потребни ви се повеќе излегувања и дружења, бидејќи веќе подолго време сте затворени во себе, како последица на минатите љубовни разочарувања. Ќе ви се пружи шанса да започнете тајна врска со привлечна личност, но брзо ќе се предомислите и ќе прекинете контакт.
Средината на месецот ќе ви донесе почеток на необврзна врска, со личност која ќе ја запознаете преку заеднички пријател. Ќе ве освои со шармот и исполнувањето на вашите желби. Не се плашете кон крајот на месецот да се согласите и на нешто посериозно.
Риби
Ако сте во врска:
До 9-ти декември ќе остварите сериозни разговори за заедничките љубовни планови, во што одлично ќе се сложувате со партнерот. Така ќе ја подобрите и комуникацијата и близината.
Втората половина ќе имате доста време за квалитетни активности, но не смее да се затворите дома, во самотија, бидејќи рутината може да ви ја разниша стабилноста. Работете на заедничките цели. Ако имате шанса, отпатувајте далеку за празниците.
Ако сте слободни:
Ќе добиете позитивна мотивација и голема енергија од лице кое ќе го запознаете на почетокот на месецот. Оптимизмот ви е во пораст, па често ќе се забавувате и ќе излегувате на нови места. Разменувајте идеи со новите познаници.
Средината на декември ќе ви донесе емотивно стабилна личност која ќе ви се поклопи во размислувањата и ќе се појават обострани емоции. Влезете во врска, но не брзајте со запознавање на потенцијалниот партнер со семејството за време на празниците.
М. Д. | Црнобело