Љубовен хороскоп за декември 2019: Близнаците ќе направат сериозни чекори, Водолиите ќе се предомислуваат
Како се подредени ѕвездите на поле љубов и емоции во последниот месец од 2019-та година?
Дали декември ќе биде среќен месец за посериозни љубовни чекори или сепак нема да промени ништо во статусот?
Што го очекува вашиот хороскопски знак во љубовта?
Овен
Ако сте во врска:
Самиот почеток на декември ќе внесе повеќе страст во вашите односи со саканата личност. Тоа ќе ве мотивира да се посветите на поквалитетни активности кои ја стабилизираат емотивната врска.
Средината на декември може сепак да ви донесе заладување на односите, па да се насочите кон рутината и практичните активности. Третата декада ќе биде во знакот на малите недоразбирања. Потрудете се повеќе време да поминете со партнерот надвор од дома.
Ако сте слободни:
Декември е погоден за заљубување и влегување во емотивна врска. Ќе ве привлече личност која е полна со енергија, страствена и по малку таинствена. На почетокот ќе ја идеализирате личноста, но за среќа нема да се разочарате, бидејќи ќе ви ги исполни очекувањата. Многу брзо ќе се впуштите во интимни односи.
По малку може да ви пречи слободниот став и однесување на новиот партнер. Сепак, празниците ќе ги поминете во негово присуство, заедно со пријателите.
Бик
Ако сте во врска:
Почетокот на декември ќе ви ги разгори малку заборавените страсти со партнерот и ќе ви донесе шанси за повеќе заеднички активности.
Во втората половина од месецот искористете ја поддршката која партнерот ќе ви ја пружа и кажете ѝ да на секоја шанса за патување. Ве очекува убав заеднички период во кој треба да се трудите што почесто да сте неразделни. Исполнувањето на желбите на другата страна ќе ви донесат хармонија.
Ако сте слободни:
Ќе ви се пружи шанса да запознаете лице кое ќе ве воодушеви со своите идеи и различниот поглед на животот, а големи се шансите тоа да биде лице од друга земја. Ќе се запознаете на патување или во посета на вашата земја.
Односот ќе се развие со лежерен разговор, низ кој ќе откриете дека имате многу заеднички интереси. Следуваат многубројни заеднички излегувања и впуштање во интимни односи. Крајот на декември ќе ви донесе шанса за нова врска.
Близнаци
Ако сте во врска:
Почетокот на декември е добар период посериозно да се посветите на потребите на партнерот. На прво место ставете го подобрувањето на заедничките финансии. Разгледајте повеќе опции како заеднички да ги подобрите условите за живот и да ги остварите плановите.
Средината на декември ќе ви донесе сериозен новитет. Повеќе време ќе поминувате во пар, а кон крајот на месецот односот ќе заблеска, па може да се решите на посериозен чекор. Ќе ви одговараат кратки патувања кои ќе ви ја зајакнат интимноста.
Ако сте слободни:
Првата декада на месецот ви носи многу возбуда и забава. На еден собир ќе запознаете лице кое е полно со енергија и кое со физичкиот изглед комплетно ќе ве привлече.
Набрзо ќе почнете да излегувате заедно, но ќе сфатите и дека желбата за престој во природа и спорт ви е заедничка. Веќе во втората половина од месецот ќе станете официјален пар. Бидете трпеливи и полни со разбирање.
Рак
Ако сте во врска:
Почетокот на новиот месец ќе ви донесе многу шанси за исполнување на плановите кои ги имате со партнерот. Најмногу посветете се на решавање на практични проблеми во вашата врска. Партнерот ќе биде полн со оптимизмот, па доволно е да го следите во чекор.
Стабилноста ќе се зголеми и кон средината на декември, а втората половина од месецот ќе биде идеален за дружби во поголеми групи, со пријатели, семејства и колеги. Тоа ќе ви донесе динамика во врската.
Ако сте слободни:
Декември ќе ви донесе многу случувања на поле љубов, но самите треба да решите дали сте подготвени за да влезете во емотивна врска која ќе биде складна, стабилна и долгорочна.
Ќе запознаете повеќе личности кои ќе ви се допаднат и неколку кои ќе решат да ви пријдат. Важно е да не брзате и да одберете трезвено. Најдобро ќе ви одат разговорите со некоја мирна, стабилна и амбициозна личност.
Лав
Ако сте во врска:
Почетокот на месецот може да ви донесе мало емотивно заладување во односите и посветување на посекојдневни обврски. За среќа, ќе исполните една заедничка цел и ќе ги подобрите финансиите со партнерот.
Кон 20-ти декември ќе добиете креативни идеи како може да ја подобрите близината на врската. Поминувајте повеќе квалитетно време сами. Покажете иницијатива и покажувајте емоции, доколку не сакате партнерот да се пожали дека го запоставувате.
Ако сте слободни:
Ќе се заинтересирате за наоѓање на складна личност со која ќе влезете во сериозна врска. Ве очекува познанство со практична личност, амбициозна, но по малку конзервативна во размислувањата.
Ќе ви делува привлечно и ќе почнете да се гледате и подобро да се запознавате. Ќе бидете изненадени кога ќе сфатите дека всушност личноста е полна со идеи, со слободни мисли и ви пружа голема поддршка и можности за нови искуства. Крајот на декември ќе биде во знакот на нова љубовна врска.
Девица
Ако сте во врска:
Првиот дел од месец декември може да биде во знакот на нејаснотии и недоразбирања во врската. Најмногу несогласувања ќе имате околу распределбата на обврските или семејните односи. Отворете го умот за креативни решенија за да си ја олесните ситуацијата.
Во втората половина од месецот, добро би било да ја изненадите саканата личност со кратко патување. Кон крајот на декември заедничките цели ќе бидат остварени, што ќе ви донесе радост и убави заеднички моменти. Ве очекуваат и подлабоки разговори.
Ако сте слободни:
Декември ќе биде поволен за влегување во емотивна врска која ќе трае долго. Но, личноста ќе ја пронајдете само ако често излегувате и се дружите со нови луѓе.
Најмногу внимание ќе ви привлече личноста која ќе се истакне со својата интелигенција и снаодливост, па ќе бидете пријатно изненадени што она што ќе ви го кажува и ќе го исполнува. Многу брзо ќе станете блиски и интимни.