Девицата смислува детален план, Скорпијата се крие од сите - како секој од знаците се справува со своите најголеми стравови?
Вага – Се обидувате да постигнете баланс помеѓу доброто и лошото
По секоја цена се обидувате да ги избалансирате нештата, бидејќи само така се чувствувате сигурно. Рамнотежата за вас можеби е партнер, пријател, близок член од семејството или вашето милениче.
Доколку на нив им треба помош, вие ја нудите својата со сето срце, бидејќи на тој начин сметате дека ќе постигнете баланс со сопствените стравови и проблеми.
Скорпија – Се повлекувате од сите
Вас ве плашат навистина малку работи, но секој има свои моменти на страв и несигурност. Кога се соочувате со сопствените стравови, преферирате тоа да го направите сами, затворени во својот дом, подалеку од сè и сите.
На тој начин ја обновувате својата енергија, црпите одново сила и излегувате храбро да се соочите со проблемите со високо крената глава и огромна самодоверба.
Стрелец – Се преправате дека сè е во ред
И вие имате стравови како и останатите 11 знаци во зодијакот, но одбивате да се соочите со нив. Сè додека можете да го пролонгирате ова, се преправате дека сè е во ред, дека цветаат рози, а вие сте смирени и среќни.
Кога ќе дојде моментот да се соочите конечно со проблемите и тогаш успевате да формирате позитивен став и размислување.
Јарец – се охрабрувате и правите нешто продуктивно
Не сакате да се соочувате со сопствените стравови. Радо би ја насочиле енергијата кон нешто корисно и продуктивно. Доколку си зацртате определени цели, ќе направите сè што е во ваша моќ за да ги остварите.
Кога ќе ги исполните се чувствувате задоволно, среќно и сигурно. Дури и да ве стигнат проблемите, вие чувствувате дека сте направиле нешто добро со себеси.
Водолија – Барате необични решенија за стравовите
Вашиот најголем страв е луѓето да ве доживуваат „нормално“. Постојано сте во потрага по чудни, неконвенционални решенија кои се однесуваат на вашите стравови. Колку поуникатни се вашите начини за справување со нив, толку подобро се чувствувате.
Сè што е нормално, вам ви се чини обично и премногу здодевно. Вие сакате драми и внимание, понекогаш и самите намерно ги ескалирате проблемите, со цел да смислите понеобично решение за истите.
Риби – Им помагате на другите да се соочат со стравовите
Секако дека имате сопствени стравови кои ве опседнуваат. Но преферирате да ги решите туѓите пред своите, особено на блиските и саканите лица. Сакате да бидете рамото за плачење на кое ќе се потпрат тие.
Помошта што им ја нудите ве прави помоќни. Истовремено ви ја зајакнува самодовербата мислејќи дека ако може едноставно да им ги решите проблемите на другите, така лесно ќе си ги решите и своите.
(О)Милена | Црнобело