Какви се хороскопските знаци кога ќе ви дојдат на гости?

Поканата за ручек или вечера во топлината на домот, отсекогаш се сметала за одличен начин за зацврстување на односите, пријателски, љубовни или семејни.

kakvi-se-horoskopskite-znaci-koga-ke-vi-dojdat-na-gosti-01.jpg

Па, ако знаете во кој знак е роден човекот кој го каните на гости – што може да очекувате од него? Што ќе очекува тој од вас како домаќин?

Овен

Доколку очекувате гостин роден во знакот на Овен, во негово друштво може комплетно да се опуштите.

Аперитивот понудете му го веднаш, штом седнете, бидејќи не сака да чека на празна маса, а за мезе може сирење и маслинки.

За главно јадење понудете месо или некој специјалитет. За десерт, најпаметно ќе биде да послужите торта со банана и некој ладен, газиран сок.

Бик

Ако сакате да го нагостите Бикот, ќе мора добро да се потрудите, бидејќи важи за најголем гурман во Зодијакот, кој сака да ужива во комплетен оброк, со некое добро вино.

Почнете со аперитив и предјадење, по можност нешто сувомеснато, па преминете на главно јадење – кое повторно ќе биде место со фин сос.

На менито мора да имате салата со пиперки или со морски плодови. На крај, ќе го израдува парче чоколадна торта.

Близнаци

Иако на прв поглед може не делува дека премногу очекуваат од домаќинот, Близнаците се всушност големи ситничари кога одат на гости, па може да имаат замерка за работите кои не сте се ни надевале дека некој ќе ги забележи.

Со нив секогаш сигурна опција ви е кинеската или италијанска храна, а за предјадење некои вкусни апетисани и квалитетен пијалак.

Претставниците на овој знак уживаат да пробуваат од сè по малку, бидејќи сакаат разновидност и нови работи.

Рак

Ракот е гостин кој нема многу доверба во домаќинот и не сака да експериментира со вкусови. Него ќе го освоите со храна како во етно ресторан.

Погрижете се да имате специјалитети, риба и месо со салата од компир и кромид и пуштете го да ужива во домашните вкусови, бидејќи е нервозен кога е гладен.

Важно: Потрудете се чашата секогаш да му биде полна до врв!

Лав

На вашиот гостин Лав задолжително треба да му оддадете почит со тоа што ќе го сместите на чело на масата. Тоа ќе знае да го цени, бидејќи и самиот е свесен колку сака да раскажува и да е во центарот на вниманието.

Пред него сака да има гозба, но нема да се буни и ако му послужите плескавица или ќебапи со кромид и пиво.

Дамите родени во знакот на Лав сепак сакаат поотмени ресторани со морски специјалитети и вина, а за десерт добро би било да одберете нешто италијанско како тирамису.

Девица

Иако вашиот гостин роден во знакот на Девица го бие глас дека живее здраво, немојте строго да се држите до тоа.

Слободно понудете го скара, добри чварки или некои специјалитети од фурна. Ќе ужива уште повеќе, доколку сте се потрудиле храната да е добро аранжирана и уредена во чинијата.

Девиците се познати и по тоа што сакаат кога работите се естетски убави, па изгледот на храната им е приоритет. Во комбинација со чаша црно вино – имате полн погодок.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg