Какви се хороскопските знаци кога ќе ви дојдат на гости?

kakvi-se-horoskopskite-znaci-koga-ke-vi-dojdat-na-gosti-02.jpg

Вага

За Вагата често важи дека „очите ѝ се погладни од стомакот,“ па затоа нема потреба да подготвувате големи количини на храна. По природа се неодлучни, па ќе сакаат да каснат од сè по малку.

На Вагата ѝ е важна атмосферата, музиката, добро уредената маса, но не заборавајте и на сериозните теми кои се совршен зачин на секој добар оброк.

Ако веќе сакате да ѝ го задоволите истенчениот вкус за слатко, може да послужите кафе со арома и шлаг, како и некој посебен прелив.

Скорпија

За Скорпиите важно е да знаете дека исклучително го цени квалитетот на храната. Нивните комплименти се секогаш искрени и не ги штедат, доколку им се допадне она што го гледаат на масата.

Немојте да се изненадите доколку ве праша дали имате подготвено нешто необично, бидејќи сакаат да експериментираат.

Добро би било да имате подготвено многу необични гарнири и прилози со кои ќе ги изненадите и секако – нешто кремасто, чоколадно за крај.

Стрелец

Стрелците ќе пробаат сè што им се чини ново и необично, па ориенталната, егзотична кујна е она од што треба да се инспирирате.

Стрелците уживаат во храната и во секое залче, па не се оптоварувајте дали ќе послужите многу количински, бидејќи тоа не им е важно.

Задолжително имајте квалитетно вино, кое ќе го презентирате пред да го отворите, и десерт со многу крем и чоколадо.

Јарец

За Јарците најсигурна опција е да го викнете кога ќе има и други луѓе, бидејќи покрај добра и обилна гозба, многу го ценат ручекот во добро и големо друштво.

Додека е во вашиот дом нема да пребира многу и изборот ќе ви го препушти вам. Сепак, имајте на ум дека е традиционален тип кога се работи за храна.

Нема да погрешите ако му понудите од пинџурот на баба или домашно месеното лепче, со некое лесно црвено вино.

Водолија

Со оглед на тоа што Водолиите не јадат често и обилно, не појадуваат, туку само грицкаат на брзина, секој добар оброк на кој му се посветува внимание и време, за нив е исклучително богатство.

Сакаат чорби, манџи, сирења и маслинки, како и други кафански даски и похованици, па ќе го воодушевите ако му дадете избор што ќе јаде.

За десерт понудете сладолед или задолжително некој десерт со шлаг. Водолијата не одбива благо.

Риби

Иако вашиот гостин е познавач на добрата кујна и голем гурман, дури и да не му се допадне јадењето кое сте го послужиле, ќе ве опсипе со комплименти и пофалби.

Италијанската кујна е секогаш сигурен избор за Рибите, исто како и квалитетните вина. Сонуваат за дегустација на вина и сирења.

Не заборавајте да наздравите пред да почнете да јадете. Останете дискретни со темите кои ги отворате на маса.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg