Колку верува во хороскоп секој од знаците?

ВАГА

За вас астрологијата е најубавата, најинтересната забава во којашто уживате. Може да се каже дека хороскопот ви е еден вид на хоби. Сепак, мразите кога другите луѓе коишто не веруваат го исмеваат овој ваш интерес. Секако, тоа најчесто се скептичните Девици, па неретко го одбегнувате нивното друштво. Сакате да сте опкружени со луѓе коишто ја делат вашата пасија за астрологијата, макар како обична забава.

СКОРПИЈА

Ве привлекува сè што е мрачно, мистични и окултно, па што има чудно во тоа да се верува во хороскоп? Вие сте тип кој го знае својот знак, подзнак, куќа и планета и сите нивни детални карактеристики. Убедени сте дека вашиот знак е практично најсовршениот во Зодијакот и особено се гордеете со него. На луѓето им е малку смачено да слушаат дека сте Скорпија во хороскоп, но искрено, кој „ги врти“ нив?

СТРЕЛЕЦ

Вие сте навистина чуден парадокс – верувате во астролошките предвидувања поврзани само со вашиот знак. Но не и за останатите 11 знаци. Можете практично да „намирисате“ друг Стрелец во вашата околина, но никогаш не можете да препознаете што е некој друг во хороскоп.

ЈАРЕЦ

„Забавно, но не е за мене“. Ова е вашиот одговор кога некој ве прашува дали верувате во хороскоп. Потајно ги осудувате сите оние кои веруваат во астрологијата, иако однадвор глумите дека немате ништо против. Особено ви се смешни оние луѓе кои навистина се упатени во тајните на астрологијата, вие дефинитивно не си го губите времето со вакви губитници.

ВОДОЛИЈА

Вам навистина не ви е гајле за астрологија и хороскоп. Сепак, ако некој се понуди да ви направи и да ви ја прочита вашата натална карта, вие ќе слушате со внимание. Во состојба сте дури целосно да ја истражите темата. На крајот може и малку да поверувате во хороскопот, доколку личноста покрај вас е прилично убедлива.

РИБИ

Да, вие сте оној знак кој умее да ги препознае сите останати околу него, односно што точно се во хороскоп. При запознавањето нови луѓе се водите исклучиво по вашата интуиција, но и според хороскопот. Имате од прилика некаква идеја со каков човек си имате работа, па неретко некој може да ви се залепи за срцето или да ви омрзне, токму според хороскопскиот знак.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg