Лавовите читаат скриени намери, Скорпиите мразат кога некој ги игнорира - Кратки, но вистинити објаснувања за знаците
Вага
- Секогаш се вљубени.
- Слушаат лоша музика, но не го признаваат тоа пред другите.
- Емоционални се, до точка на неподносливост.
- Делуваат изгубено, како никогаш да не се сигурни што точно се случува.
- Кога им е неудобно, стануваат многу чудни и поставуваат необични барања.
- Брзо и лесно се спријателуваат, но уште побрзо ги откачуваат новите пријатели.
- Имаат добри намери.
- Креативни се, и лесно се вцрвенуваат кога некој ќе ги пофали јавно.
- Тешко им е да кажат НЕ.
- Кријат важни работи со цел да не ги разочараат луѓето коишто им се битни.
- Се обидуваат да ги усреќат сите околу нив, дури и кога тоа е премногу исцрпувачко.
Скорпија
- Се претставуваат како дрски и арогантни, а всушност се вистински емотивни плачковци кога се сами.
- Мрачен ум, блескав карактер.
- Имаат тајни хобија што не ги споделуваат со никого.
- Најмногу од сè копнеат по љубов.
- Разговорот со нив ќе ве натера да го цените животот или да се фрлите од највисоката карпа.
- Страшни се кога се лути! Подалеку од нив.
- Особено заштитнички настроени кон луѓето што ги сакаат.
- Мразат кога некој ги игнорира.
- Добиваат неочекувани напади на смеење во најневозможните ситуации.
- Кога ви е најтешко, ќе успеат да ве насмеат.
- Тип на луѓе што им даваат приоритет на туѓите проблеми, отколку на своите, доколку тие луѓе вистински им значат.
- Лесно се поврзуваат со музиката, таа за нив е лек.
Стрелец
- Подготвен да исчезне во секој момент.
- Го имаат изгледано секој можен филм. Дури и оние најлошите.
- Емоции? Дали ми е гајле што ти се случува во животот? НЕ.
- Дремнуваат по 7-8 часа дневно.
- Тешко им е да се извинат.
- Уште потешко да побараат помош, сметаат дека сè може да направат самите.
- Доколку е потребно ќе се развикаат на сосема непознат човек на улица, во банка или супер маркет.
- Половина од работите што ги прават им се добро испланирани. Само сакаат да мислите дека се спонтани.
- Вообичаено се многу тажни пред да заспијат, анализирајќи ги сите лоши работи во светот.
- „Ова веројатно не е добра идеја, но секако ќе го направам тоа“.
- Натпреварувачки настроени и никогаш задоволни од постигнатото.
Јарец
- Комплекс на супериорност.
- Умеат повеќе да се забавуваат отколку што мислите.
- Сè што сакаат е сите околу нив да замолчат за да размислуваат во тишина.
- Делуваат пријателски, додека не им застанете на патот.
- Способни се добро да ве заплашат.
- Ги препознаваат своите грешки и не им е тешко да се извинат, без да прават премногу драма од тоа.
- Може да останат смирени во најлудите ситуации.
- Необично ја искажуваат љубовта, со штипење, гризење и кубење коса.
- Може да ве искачат на пиедестал и следната минута да ве спуштат на дното.
- Секогаш имаат план Б. И план Ц.
- Надворешниот изглед им е особено важен.
- Имаат чудни опсесии, но не им е срам да ги споделат со другите.
- Постојано мрдаат со нозете.
- Потребни им се прегратки и да им покажете дека ги сакате, но никогаш нема гласно да го кажат тоа.
Водолија
- Исчезнуваат без никаква причина.
- Толку многу се симпатични и полни харизма, што сите им завидуваат.
- Се збунуваат кога треба да одберат помеѓу повеќе од 2 работи.
- Сè за нив е преценето.
- Зависни се од смешни видеа.
- Чувствата им се надвор од секоја контрола, но не се ни обидуваат да ги контролираат.
- Нежни и деликатни, повеќе отколку што може да замислите.
- Се борат за легализација на марихуаната додека активно ја употребуваат.
- Знаат кога ги лажете. И многу ќе се налутат.
- Вистински бунтовници.
- Најпаметните од сите.
Риби
- Не сакаат да се соочат со своите одговорности.
- Сакаат повеќе музика отколку што ги сакаат луѓето.
- Сакаат внимание, но не премногу.
- Никогаш нема да се задоволат со тоа да се нечиј втор избор.
- Може да ве слушаат со часови, без да се пожалат.
- Чудни се, но на некој симпатичен начин што ве тера да ги сакате.
- Премногу смешни. Нивниот хумор е или премногу едноставен или премногу сложен, но никогаш не поминува незабележано.
- Големо срце, со уште поголема имагинација.
- Збунети, со експресија на лицето „од каде паднав јас?“
- Доколку земете подлабоко да ги анализирате, ќе помислите дека половина од времето се под дејство на лесни дроги.
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите
Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа)
Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...

3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска
Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак
Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето
Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...

Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае
За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...