Што е најдоброто, а што најлошото кај вашиот хороскопски знак?

Велат дека човекот е како паричка со две лица.

Sto-e-najdobroto-a-sto-najlosoto-kaj-vasiot-hor-znak-01.jpg

Едното го чува само за себе и го покажува единствено кога е сам и кога се анализира во огледалото. Другото е резервирано за во јавноста. Дали се согласувате со ова? Во секој случај, секој човек има добри и лоши страни, а астрологијата нуди одговор кои се тие.

Доколку сакате да дознаете малку повеќе согласно вашиот хороскопски знак, продолжете со читањето:

Овен

Најдоброто: Подготвени сте да го освоите светот со вашата самодоверба и ентузијазам. Вие сте емпатичен лидер кој не се двоуми да го преземе водството, но воедно ја охрабрувате толпата, наместо да ѝ наредувате.

Лојални сте и заштитнички настроени кон саканите и умеете кај сите да предизвикувате возбуда и воодушевеност поради авантурите и настаните коишто ви претстојат.

Најлошото: Посесивни сте и сакате да си ја обележите својата територија, особено околу луѓето коишто ви се допаѓаат. Доминантни сте и ретко го менувате мислењето, верувајќи дека вие умеете најдобро да се справите со работите, дури и кога не е така.

Му дозволувате на гневот да раководи со вас, додека уништувате сè што ви стои на патот како некој булдожер. Тешко ви е да следите одредена рутина бидејќи многу брзо ви се здосадуваат работите. Секогаш сте во потрага по нови, возбудливи авантури, уверени дека иднината е поинтересна од сегашниот миг.

Бик

Најдоброто: Реални сте, приземјени и не дозволувате никој да си игра со вас. Премногу сте им лојални на најблиските – дури и да ви заѕвонат во ниедно време од ноќта вие сте таму доколку сте им потребни.

Ја разбирате доследноста како поим. Секогаш креирате стабилно опкружување за себе и за оние околу вас. Воедно, го цените трудот и вредното работење и ќе ја извршите беспрекорно секоја задача која ќе ви биде доверена.

Најлошото: Се затворате како во школка околу сè што е ново и непознато околу вас. Понекогаш брзате со етикетите и осудите, особено кон луѓето кои не се вклопуваат во вашата замисла за „идеален живот“. Ретко им верувате на луѓето и правите понекогаш да се чувствуваат непријатно поради вашата лична недоверба.

Верувате дека само вие знаете како треба да се завршат работите, и тоа не само што е најдобриот, туку и единствениот начин, па ретко правите компромис.

Близнаци

Најдоброто: Се одликувате со шарм и харизма и знаете како да го освоите вниманието кај луѓето. Не дозволувате разговорите да замрат или да се дискутира нешто здодевно, со вас темите на разговор се секогаш свежи и интересни.

Љубезни сте и прилично разбрани. Ги согледувате нештата и од туѓа перспектива, не само од сопствената. Ги инспирирате луѓето да преземат нови иницијативи и умеете да дадете поддршка како никој друг во близина.

Најлошото: Неодлучни сте во речиси секој аспект од животот. Уплашени сте дека ќе пропуштите нешто ново и добро и постојано сте во трка со времето. Поради ова не им се посветувате доволно на одредени луѓе и ги буткате од себе.

Верувате дека знаете малку повеќе од останатите, па не се плашите да ги прекинете додека зборуваат. Правите ветувања кои најчесто не ги исполнувате, затоа што сакате да им се допаднете на луѓето. Се заситувате брзо од врските и пријателите, па најчесто одржувате површни врски кои не бараат премногу време и внимание.

Рак

Најдоброто: Емпатични сте и имате добро срце до бесконечност. Се грижите за луѓето околу вас и секогаш им давате до знаење колку многу се сакани. Постојано им давате предност на другите и ги ставате пред вас.

Секако, се грижите и за сопствените потреби бидејќи го сфаќате чувството за рамнотежа, но длабоко во себе не сакате да бидете себични.

Најлошото: Се плашите дека не сте доволно добри за луѓето, па се прилепувате премногу за нив, со надеж дека никогаш нема да ви го свртат грбот и да ве остават. Се водите со срцето и емоциите, а не со разумот и ова е тоа што најчесто ве вовлекува во неволја.

Точно е, ги ставате туѓите потреби пред сопствените, но чувствувате дека другите луѓе не го прават ова за вас, оставајќи ве фрустрирани и нервозни.

Не разговарате за нештата коишто ви пречат, дозволувате да се трупаат во вас, додека не експлодирате и не ги уништите пријателствата засекогаш.

Лав

Најдоброто: Динамични сте и имате сила со која ретко кој може да се мери. Шармантни сте и умеете да го освоите вниманието на сите околу вас, без да ги ставите другите во сенка.

Полни сте со поддршка и охрабрување, умеете да ги инспирирате луѓето со својата самодоверба. Им го чувате грбот на сите блиски пријатели и одбивате да ве искористат во каква и да било ситуација.

Премногу сте лојални и полни страст, особено во љубовните врски. Ја користите секоја можна прилика да го опсипете партнерот со љубов, комплименти и подароци.

Најлошото: Арогантни сте и убедени дека никој не може да биде подобар од вас во речиси секоја животна ситуација. Умеете да ги понижите колегите со цел да напредувате побрзо и да оставите подобар впечаток пред претпоставениот на работното место.

Се обидувате да ги претставите сите нешта во вашиот живот спектакуларно, дури и да се работи за нешто најобично. Ги држите пријателите најчесто на дистанца, бидејќи верувате дека секогаш има нешто подобро на кое ќе налетате во иднина.

Девица

Најдоброто: Интелигентни сте и организирани, имате око за детали кои ви овозможуваат сè да тече мазно и беспрекорно, онака како што вие сте си замислиле.

Работите на подобра верзија на себеси со секој нов ден и ги охрабрувате и другите околу вас да го прават тоа. Ги цените блиските пријателства и секогаш можете да им го понудите своето рамо за плачење. Лесно им се отворате на другите луѓе во поглед на емоциите, бидејќи верувате дека ранливоста не е слабост.

Најлошото: Очекувате совршенство, не само од себеси, туку и од сите други околу вас. Кога не го добивате ова, се чувствувате фрустрирано. Пребирливи сте и критични кон оние коишто не размислуваат или не ги прават работите како вас.

Лесно ги осудувате луѓето пред вистински да ги запознаете, користејќи одбранбен механизам односно не дозволувајќи да ви се приближат. Предност ѝ давате на логиката наместо на чувствата до тој степен што ретко им дозволувате на емоциите да „прозборат“.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg