Зошто сте толку многу под стрес, според хороскопскиот знак?

Речиси е невозможно да се живее без стрес во време како денешното. И додека најдобронамерните совети ви велат „смири, се опушти се, пушти да ти влезе од едното, а да ти излезе од другото уво“ како тоа да е најлесното нешто на светот, сепак човекот не е машина која може да се управува со помош на копче.

Zosto-=ste-tolku-mnogu-pod-stres-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Што најмногу ви создава стрес според хороскопскиот знак?

Овен – премногу се грижите за работи кои се одамна завршени и кои треба конечно да ги оставите онаму каде што им е местото – во минатото.

Бик – постојано размислувате за достигнувањето на одредени цели коишто сте ги поставиле и тоа ви го краде сонот навечер, мислејќи дека досега веќе требаше да ги остварите сите зацртани планови.

Близнаци – премногу време трошите на безобразни, токсични луѓе кои всушност не ви прават ништо добро во животот, освен што ви носат негативни емоции.

Рак – навечер не можете да заспиете поради различните мислења на луѓето за вас и предрасудите кои ги имаат кон вас, иако знаете дека не можете да ги смените.

Лав – вие едноставно премногу се грижите да бидете најдобриот можен партнер, најдобриот работник, најдобриот човек. А тоа е речиси невозможно, бидејќи совршенство не постои.

Девица – премногу време трошите убедувајќи го светот дека ги држите сите конци во рацете, обидувајќи се да до залажете дека сте успешни во сè она што ќе го намислите.

Вага – она што ви создава немир е чувството дека ќе направите премногу грешки, ќе се посрамотите себеси и ќе изгледате како неспособен идиот. Но, мора да знаете дека апсолутно сите се чувствуваат така.

Скорпија – премногу се грижите се својата тежина, за висината, за големината на вашите колкови и изгледот на вашата кожа. Иако не им недостасува апсолутно ништо на сите овие работи.

Стрелец – вашите стресови се можеби најсмешни, како изгледате на социјалните мрежи, сликата која ја оддавате за себеси, колку луѓе ве следат, колку срценца ви собра последната фотка и дали фотките ви се совршено филтрирани.

Јарец – она што вам ви создава константен стрес е статусот во општеството, колку пари заработувате, дали сте добро прифатени од другите луѓе и каков е вашиот целокупен придонес кон општеството.

Водолија – дали вашата љубовна врска е доволно добра колку што треба да биде? Ова е прашањето кое ве измачува, бидејќи најчесто се споредувате со сите ваши блиски и пријателите во однос на ова прашање.

Риби – премногу се грижите дали луѓето ќе ве прифатат или одбијат, дали ќе успеете или пак ќе доживеете неуспех, а она што најмногу ве стресува е можноста да и разочарате луѓето коишто ги сакате.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Што ви создава најмногу стрес, според хороскопскиот знак? Девиците не сакаат јавно да покажат што чувствуваат, па фактот што чуваат сè во ...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg