Викенд, недела, месец? Колку одмор му треба на секој хороскопски знак?
На некого му е доволен викенд, на некој му се доволни 7 до 10 дена, а некој сака убаво да наполни батерии со одмор од цел месец.
Според хороскопот, колку долго ви трае идеалниот одмор?
Овен
Сè додека сте со луѓе, имате испланирано спортски и авантуристички активности, можете да издржите на одмор.
Бик
Доволен ви е краток одмор од неколку дена за време на кој ќе бидете хедонисти и ќе наполните батерии, а потоа со нови сили едвај ќе чекате да се вратите на работа.
Близнаци
Бидејќи по природа сте неодлучни и не знаете што најмногу ви одговара, два кратки одмори од по неколку дена се идеалната опција.
Рак
Доволна ви е една недела одмор, но само ако сте во близина на вода. Успешниот одмор за вас се мери по тоа колку време сте поминале покрај езеро, море, океан...
Лав
Ако нешто во животот ви е важно – тоа е одморот. Сакате да имате барем 3 недели за масажи, спиење, јадење, сончање...
Девица
Вашите подготовки за одморот траат подолго отколку самиот одмор. Доволен ви е продолжен викенд на мирно место за да бидете задоволни.