Каков тип на поддршка ви е потребна во моментов според хороскопскиот знак?
Вага
Ти заслужуваш љубов. Заслужуваш некој што ќе те сака со целото свое срце. Заслужуваш веднаш да ти вратат на пораката. Да те разгалуваат, да те слушаат кога зборуваш, да те почитуваат. Секој кој ќе те натера да се посомневаш во ова, не е доволно вреден за тебе.
Скорпија
Не си истата личност што беше некогаш. Се смени, порасна. Ти процвета. Затоа престани да ги анализираш грешките од минатото и фокусирај се на иднината што ја градиш за себе и партнерот.
Стрелец
Престани да бидеш толку строг/а кон себеси. Престани да се потценуваш. Престани да мислиш дека си товар и дека секаде и секому му пречиш. Твоето мислење за себе е токсично и необјективно, време е да го смениш.
Јарец
Треба да бидеш задоволен поради сè што постигна, а не фрустриран поради малкуте нешта што не успеа да ги реализираш. Немој да очекуваш премногу, симни ја малку превисоко поставената граница. Ти оди сосема добро, треба да си горд.
Водолија
Посилна си одошто мислиш. Поспособна си отколку што си замислуваш во однос на своите капацитети. Можеш да се справиш со повеќе работи истовремено. Доколку ризикуваш, макар и малку, ќе се изненадиш себеси.
Риби
Запамети дека нема секогаш да се чувствуваш вака изгубено. Нема секогаш да се чувствуваш толку осамено. Ќе сфатиш што сакаш од себеси, од светот, од животот и ќе најдеш начин како да ги исполниш сето тоа.
(О)Милена | Црнобело