Зошто останувате во лоши и нефункционални врски според хороскопскиот знак?

Вага – Ги оставаат работите онакви какви што се, бидејќи не сакаат конфликти

Фокусирани се на баланс и имаат страв од расправии. Дури и кога се свесни дека се заглавени во лоша и неквалитетна врска, тие ќе направат сè што е во нивна моќ да ги поправат работите.

Имаат тенденција да ги туркаат лошите работи „под тепихот“ и вешто да се преправаат дека сè е во ред. Вагите може да го прават ова со години, бидејќи им е многу полесно, отколку да признаат јасно и гласно дека нешто не е во ред и отворено да се соочат со партнерот.

Скорпија – Ги сака работите коишто не смее да ги има

Неверојатно заводливи и мистериозни, Скорпиите имаат прилично голем број на додворувачи. Сепак, имаат проблем со довербата и силна желба за „забранетото овошје“.

Нив едноставно повеќе ги привлекуваат дисфункционалните наспрема добрите врски за кои сметаат дека се обични и просечни.

Уживаат да бидат со некој што знаат дека не е вистинскиот за нив, бидејќи длабоко во себе знаат дека не може да бидат повредени и изневерени од ваквиот избор на партнер.

Стрелец – Ги гледаат само добрите работи

Стрелците сакаат да флертуваат и се прилично хаотични кога станува збор за љубовни врски. Ја ценат својата независност и слободата и имаат обичај да ги гледаат нештата со розови очила низ призмата на оптимизмот.

Најчесто ги занемаруваат лошите аспекти од врската и негативните карактеристики на партнерот. Остануваат заглавени во лоши врски главно поради својот непоправлив ентузијазам – дека работите секогаш може да тргнат кон подобро. Тешко им е да признаат дека тоа може никогаш да не се случи.

Јарец – Инвестираат премногу време, енергија и емоции во врската

Работливи, вредни и посветени, Јарците навистина не играат игри кога станува збор за љубовта. Јасни се во своите намери и вообичаено имаат сериозен план за тоа како сакаат да им се одвива врската.

Инвестираат многу време, внимание и љубов, па кога врската и покрај овие работи се покажува како лоша, прилично тешко им е да ја раскинат поради фактот што толку многу се вложиле, а целиот труд им бил залудно потрошено време.

Не сакаат да го губат „капиталот“ па радо би останале во лоша врска, отколку да го остават партнерот и да бараат нов почнувајќи сè од почеток.

Водолија – Страв им е дека никогаш повеќе нема да се чувствуваат така

Водолиите не се впуштаат лесно во врски. Повеќе преферираат да бидат сами и искрени со себе. Но, кога конечно стапуваат во врска, не ги земаат работите здраво за готово.

Доколку партнерот направил да почувствуваат одредени емоции, Водолиите ќе се држат слепо за нив, дури и кога врската оди надолу.

Сосема свесни се дека се во лоша врска, но стравот дека нема да пронајдат никој во иднина што ќе направи да се чувствуваат така како сегашниот партнер ги одвраќа од раскинување.

Риби – Сакаат да глумат терапевти и зависни се од давање помош

Овие знаци се грижливи и емпатични и иако овие квалитети им озвоможуваат лесно да си најдат партнер, истите ги заробуваат во лоши врски.

Рибите сакаат да се поврзат со партнерот на длабоко емоционално и интимно ниво. Дури и кога работите не се онакви какви што сакаат, овој знак по секоја цена сака да дава совети и да ги анализира нештата во потрага по решение како типичен психотерапевт.

Зависни се од негување и давање помош на некого, па дури и некој да ги манипулира во врската, тешко им е да кажат не.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg