5 хороскопски знаци кои секогаш ќе забележат дека ги лажете
Лагите најчесто лесно се откриваат и сè зависи од тоа дали излажаниот сака веднаш да ви даде до знаење или ви дава „три напред“ за да види до каде можете да одите со лагата.
Најчесто, овој заклучок е базиран врз интуиција, која кај некои е поизразена, а кај други подоцна „проработува“. Според астрологијата, пет хороскопски знаци ја имаат токму оваа способност.
Тие всушност може да бидат човечки детектори за лаги бидејќи дури и најситната не бега од нивниот „радар“.
Девица
Со среќа кога ќе се обидувате да лажете Девица! Кај нив нема механички грешки како кај детекторот за лаги, имаат остар ум и ги анализираат информациите детално. Најинтересно од сè е што дури и оној кој лаже Девици од старт знае дека другиот е свесен за лагата.
Близнаци
Дури и при најмал знак дека некој нешто ги лаже, Близнаците ќе знаат кое точно прашање да го постават и веднаш да ја уловат лагата. Кај нив дури не можете ниту да импровизирате со украсување на приказната.
Скорпија
Не лажете Скорпии, бидејќи тие точно знаат што ви кажале, а со лагата само ќе ги повредите. Имаат изразена интуиција и природен детективски талент. Ако се посомневаат дека сте ги излажале, нема да се смират додека за тоа не пронајдат конкретни докази.
Јарец
Јарците се многу искрени и истото го очекуваат и од другите. Затоа и лесно можат да ги „спојат коцките“ и да сфатат дека се излажани. По природа се и скептични и цинични, така што уште од самиот старт ви пристапуваат со знаци на тревога. Некогаш дури и им е тешко да веруваат и во оние кои имаат искрени намери кон нив.
Водолија
Се работи за интелигентни личности кои лесно детектираат лаги. Затоа не се обидувајте на нивните прашања да одговорите со прашање, бидејќи тоа веднаш им дава до знаење дека ги лажете. Од друга страна, нема вечно да ви се лутат ако ги излажете, дури и можеби ќе ви простат без многу да им се извинувате.
Е. Д. | Црнобело