Љубовен хороскоп за април 2019: Девиците ќе добиваат доволно внимание, Рибите ќе навлегуваат само во површни врски

На кој хороскопски знак месец април ќе му донесе трајна љубов, а на кој само авантура?

ljuboven-horoskop-za-april-2019-01.jpg

Дали треба да престанете со криење тајни, дали треба да ги покажете емоциите или сепак да се воздржите од сериозни љубовни планови?

Љубовниот хороскоп за април ви открива:

Овен

Ако сте во врска:

Поминете повеќе време со саканата личност и испланирајте повеќе интимни моменти кои ќе ја зголемат нежноста и ќе ви ги разбудат сите емоции одново. Креативните идеи за заедничко поминатото време се секогаш добредојдени.

Втората половина од април ќе ви донесе мали несогласувања, па вашите тајни и невистини, како и некоректни постапки може да ви ја загрозат комуникацијата со партнерот. Очекувајте малку поголема доза на љубомора кон крајот на месецот од страна на партнерот.

Ако сте слободни:

Почетокот на април ќе ви донесе лице кое ќе ви се допадне на прв поглед. Привлечноста ќе биде обострана, но само до моментот додека не дознаете дека вашата нова симпатија е зафатена, а тоа не ви го соопштила на време.

Во третата декада страстите се во пораст, па со истата личност може да почувствувате како да сте создадени еден за друг. Избегнувајте постапки со сомничав морал.

Бик

Ако сте во врска:

Пролетта ќе ви помогне да остварите складни заеднички моменти со саканата личност. Повеќе ќе излегувате во природа и на забави, ќе се посветите на разубавување на заедничкото секојдневие и тоа ќе ви помогне да ги остварите заедничките цели кои одамна ги имате. Партнерот ќе биде особено среќен и внимателен.

Втората половина од април ќе ви донесе интензивни емоции, но крајот може да донесе недоверба и кавги. Избегнувајте невистини и криење на важни информации од партнерот.

Ако сте слободни:

Повеќе ќе ве интересираат авантурите и добриот провод, отколку сериозните емотивни врска. На почетокот на месецот ќе влезете во авантура која ќе ви одговара на поле интимни односи.

Во втората половина може да сакате таа исклучиво физичка врска да се претвори во сериозна, емотивна. Сепак, крајот на месецот ќе ви донесе разочарување, бидејќи ќе откриете дека не сте единствени во животот на потенцијалниот партнер.

Близнаци

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот ќе тргне со недоразбирања, па ќе мора да одвоите многу повеќе време од вообичаено за да се разберете. Најмногу ќе треба да се вложите со дадените ветувања кои не смее да ги прекршите. Емоциналната и финансиската поддршка ќе бидат задолжителни.

Кон средината на месецот ќе бидете склони на активности зад грб на партнерот. Избегнувајте ситуации кои може да се толкуваат како неверство, бидејќи сериозно ќе го нарушат вашиот однос.

Ако сте слободни:

До 10-ти април ќе обновите контакт со личност со која порано сте биле во врска. Старите страсти ќе се разбудат по неколку средби и разговори. Ќе бидете во искушение и може да си дадете уште една шанса.

Сепак, кон крајот на месецот вашиот однос ќе стане нестабилен, променлив и тензичен. Ќе се појават истите проблеми од минатото. Верноста ќе виси на конец.

Рак

Ако сте во врска:

Почетокот на април ќе ви донесе олеснување при остварувањето на заедничките цели со партнерот и ќе ви донесе само стабилност. Ќе ја подобрите комуникацијата и ќе бидете сложни со идеите и замислите. Нема да се сложите само околу еден предлог, но успешно ќе го надминете тоа.

По 12-ти април ќе успеете да решите нешто што долго ви пречи кај партнерот. Меѓусебните емоции ќе бидат силни и еден на друг ќе си бидете огромна поддршка. Кон крајот на месецот ќе мора малку понапорно да работите на поправење на грешка од минатото.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете личност која ќе ви делува како сродна душа, но тешко ќе го правите првиот чекор, бидејќи се работи за повлечено лице кое не ги покажува емоциите.

Во почетокот ќе имате умерена комуникација, но во третата декада од април работите ќе станат возбудливи. Можно е да започнете сериозна врска. Важно е да не заборавите на вашиот социјален живот.

Лав

Ако сте во врска:

Почетокот на април ќе ви донесе пријатни разговори и планови со саканата личност. Тоа позитивно ќе влијае и ќе создаде постабилна конекција. Можни се несогласувања околу некое патување.

Во втората половина од месецот потрудете се да внесете поголема топлина и нежност. Ако партнерот е склон на повлекување и затворање во себе, не смее да го напаѓате емотивно. Мирниот и дипломатски пристап ќе ги реши сите проблеми.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете личност која ќе ви се допадне на прв поглед и веднаш ќе се појават страсти. За кратко време ќе навлезете во интимни односи и ќе се поврзете. Ќе поминувате многу време заедно.

Сепак, тоа може да доведе до несогласувања, бидејќи другата страна ќе ја доживува вашата врска како исклучиво површна и физичка. Крајот на април може да ви донесе сериозни дискусии откако ќе дознаете дека партнерот се гледа и со други лица. Месецот ќе го завршите сами.

Девица

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот треба да бидете што е можно поотворени и искрени во односот со партнерот. Ако се користите со лаги, дури и да сметате дека се во корист на вашата љубов, може да завршите разочарани. Можни се и мали проблеми во комуникацијата поради недостатокот на концентрација и внимание од ваша страна.

Кон средината на месецот ќе исчезнат сите конфликти и недоразбирања, ќе уживате во емоционалната поврзаност и топлина, поради што повеќе време ќе поминувате заедно со партнерот.

Ако сте слободни:

Ќе бидете романтични и склони кон идеализирање на личноста која ви се допаѓа. Бидете внимателни со кој влегувате во близок однос, бидејќи ќе бидете подложни на разочарувања. Само ако прво добро анализирате и размислите, тогаш влезете во врска, макар и физичка, површна.

Средината на месецот ќе биде добро време за зближување. Ќе бидете задоволни од вниманието кое го добивате, но имајте на ум дека ништо не трае вечно.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Кои хороскопски знаци ги очекува љубов до крајот на летото 2024? Ѕвездите ви се наклонети до крајот на летото, па некои Скорпии ќе добијат понуда...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg