Во една реченица: Што никогаш не би направиле хороскопските знаци?
Доколку астрологијата ви е хоби или пак ви служи за пополнување време или забава, најверојатно имате одредени знаењa за вашиот и за останатите 11 знаци во зодијакот.
Но, секогаш постои нешто што може да ве изненади. Доколку се прашувате што никогаш не би направиле знаците, прочитајте ги одговорите што следуваат.
Со само една реченица ќе добиете објаснување за секој од знаците:
Овен – нема никогаш да се спротивстави на желбата на мнозинството.
Бик – нема никогаш да се откаже од замисленото.
Близнаци – нема никогаш да признае дека погрешил.
Рак – никогаш прв нема да започне расправија.
Лав – никогаш нема да се жртвува себеси за „поголемото добро“.
Девица – нема да дозволи некој друг да ги преземе нејзините заслуги и да извлече корист на нејзина сметка.
Вага – никогаш нема да ви премолчи ништо, ниту пак да ја скрие вистината од вас.
Скорпија - никогаш нема да ги издаде оние коишто ги сака најмногу.
Стрелец – нема да направи нешто без да биде запознаен со сите факти.
Јарец – никогаш нема да донесе одлука врз основа на мислењето на другите околу него.
Водолија – никогаш нема да ги игнорира сопствените инстинкти.
Риби – ќе простат, но никогаш нема да заборават.
(О)Милена | Црнобело