На Рибите не им е возвратена љубовта, Скорпиите ги знаат сите мрачни тајни - Како е да си „во кожата“ на знаците?
Вага – Длабоко во себе веруваш дека луѓето ќе се однесуваат кон тебе онака како што ти се однесуваш кон нив. Твоето пријателство и дарежливоста најчесто се искористуваат и остануваш изигран, прелажан. Сепак, никогаш не ја губиш вербата дека „Сè се враќа, сè се плаќа“.
Скорпија – Ги знаеш сите најдлабоки и најмрачни тајни на луѓето околу тебе, а кога ќе те изневерат или ненадејно ќе те откачат, знаеш дека е време да им вратиш „мило за драго“ и да ги повредиш онака како што тие те повредија тебе. Само што знаеш дека најлошото нешто во животот е да бидеш предавник.
Стрелец – Ја имаш моќта да забележиш колку се ужасни луѓето околу тебе додека сите други замижуваат, но сепак немаш моќ да направиш ништо да го смениш тоа. Понекогаш ти се случува да не успееш да ја завршиш задачата што може да ја направи и првоодделенец. Ги мразиш работите кои се во тренд.
Јарец – Остануваш буден до длабоко во ноќта со цел да ја завршиш задачата која ви беше доделена како на група. Останатите одамна се заминати дома, спијат или пак се забавуваат некаде. Утредента, најблискиот пријател од групата си ја презема целата заслуга за сработеното. Друга група ја украла твојата идеја.
Водолија – Луѓето постојано те преиспитуваат околу некои работи. „Дали си сигурен?“ „Имаш ли идеја што правиш во животот?“ Имаш чувство дека постојано мора да се правдаш некому. Ова ти се случува затоа што чекориш самостојно, своеглаво и одбиваш да ја следиш толпата. Надвор си од сите правила и шаблони на однесување.
Риби – Ти се чини дека твојата судбина е постојано да си вљубен во некого кој ни одблиску не ти ја возвраќа љубовта и не те заслужува. Фантазираш со часови, со денови и месеци за некој/а кој воопшто не знае да постоиш. Се гушиш во сопствените солзи и се прашуваш што не е во ред со тебе и кога ќе пронајдеш љубов.
(О)Милена | Црнобело