5 нешта што Водолиите ги прават во период на раскинување
За Водолиите сме слушале многу: дека не се врзуваат емотивно и дека пред сè, гледаат нив да им е добро.
Како овој хороскопски знак се однесува во периодот кога раскинува врска? Дали општото верување за Водолијата важи и кога се (не)романтични ситуации во прашање?
Астрологијата има одговор на овие прашања:
1. Се обидуваат да ги заобиколат вашите чувства за да не ги повредат
Реално, Водолиите имаат чувства, какви-такви. Тие ќе се обидат да направат сè што е во нивна моќ за личноста на која ѝ раскинуваат да се чувствува што помалку лошо поради тоа.
2. Велат „Не може да бидеме пријатели“
Далеку од очи, далеку од срце. Еден ден ќе им бидете благодарни што биле далеку од вас во миговите кога сте ги преболувале.
3. Се однесуваат како да немаат емоции
Иако ги имаат, сепак се свесни дека за нешто да прекине, барем едниот треба да прекине со емотивноста. Можеби и нив ги боли, но тоа ќе го остават настрана и нема никогаш да го покажат.
4. Стануваат интензивно социјални
Тие не страдаат сами и нема да дозволат тагата и носталгијата да ги загушат. Затоа и во овој период постојано ќе бидат со пријателите, ќе излегуваат, ќе одат на патувања, сè што е потребно, за да не ги фокусираат мислите на прекинот.
5. Делуваат 100% логички
Водолиите ценат реалност и факти. Не дека не им се случува да посакаат да се вратат во врската или навиката за врската, туку не сакаат да си го дозволат тоа. Затоа, не анализираат, не размислуваат и се оддалечуваат.
Е. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





